Промени тема
Контакт

ЗЕМЈОТРЕС ИНДОНЕЗИЈА

media-libraryhaf2qvudr7fifBIhOzo

(Видео) Нови силни потреси во Индонезија, земјотрес од 5,9 степени го погоди Флорес

Нов силен земјотрес со магнитуда од 5,9 степени според Рихтер го погоди регионот Флорес во Индонезија, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).Земјотресот бил регистриран на длабочина од околу 10 километри, а потресот бил почувствуван во поширокиот регион. На социјалните мрежи се појавија и снимки на кои се гледаат пукнатини на патиштата по земјотресот.Засега нема информации за повредени лица или за причинета материјална штета.Новиот потрес следува само неколку дена по силниот

Свет | пред 1 месец

media-library61gvs4hi7fjve4ZLomg

Илјадници жители на индонезискиот остров Флорес чекаат помош по земјотресот, регистрирани речиси 1.000 последователни потреси

Состојбата на индонезискиот остров Флорес и натаму е тешка по силниот земјотрес што го погоди регионот пред два дена. Најмалку 54 лица загинаа, 135 се повредени, а илјадници жители останаа без домови и сè уште чекаат помош, објави АП.Многу жители трагаат по исчезнати членови на своите семејства, додека до дел од заедниците кои останале отсечени по земјотресот сè уште не стигнала помош. Според Националната агенција за управување со катастрофи, оштетени се повеќе од 1.300 домови, од кои речиси 250

Свет | пред 1 месец

media-libraryitcbu70dmjpp2An3OxQ

Прогласена вонредна состојба во Индонезија по разорниот земјотрес: најмалку 51 загинат

Индонезиските власти прогласија 14-дневна вонредна состојба во провинцијата Источна Нуса Тенгара по разорниот земјотрес со магнитуда од 7,7 степени што го погоди островот Флорес. Мерката ќе биде во сила до 28 август, а целта е побрзо да се спроведат спасувачките операции и да се обнови оштетената инфраструктура.Одлуката ќе овозможи подобра координација меѓу надлежните институции, полесен пристап до погодените подрачја и побрзо ангажирање на расположливите ресурси, соопшти гувернерот на Источна Н

Свет | пред 1 месец

media-libraryuh6k6adkmbhj86oFdxi

(Видео) Бројот на загинати во земјотресот во Индонезија се искачи на 51, над 100 повредени

Спасувачките екипи во источна Индонезија продолжуваат со расчистување на урнатините и потрагата по исчезнати по разорниот земјотрес со јачина од 7,7 степени. Бројот на загинати достигна 51, а повеќе од 100 лица се повредени.Земјотресот го погоди регионот Флорес рано наутро, на длабочина од околу 10 километри, според податоците на Американскиот геолошки институт. По силниот потрес биле издадени предупредувања за цунами, кои подоцна биле повлечени. Индонезиските власти регистрирале најмалку 235 по

Свет | пред 1 месец

media-libraryitcbu70dmjpp2An3OxQ

(Видео) Расте бројот на жртви во разорниот земјотрес во Индонезија: 38 загинати, 2.000 евакуирани

Бројот на загинати во силниот земјотрес со магнитуда 7,7 што утрово ја погоди источна Индонезија се искачи на 38. Спасувачките екипи продолжуваат да ги пребаруваат урнатините во потрага по преживеани, додека последиците од земјотресот се сè поголеми.Според локалните власти, две лица се здобиле со тешки, а 11 со полесни повреди. Околу 2.000 жители самостојно ги напуштиле своите домови и се упатиле кон побезбедни подрачја.Земјотресот го погодил подрачјето во близина на островот Флорес во 5:58 часо

Свет | пред 1 месец

media-library61gvs4hi7fjve4ZLomg

(Видео) Земјотрес од 7,7 степени ја погоди Индонезија: Најмалку 20 загинати, а регистрирано и цунами

Најмалку 20 лица загинаа во силниот земјотрес со магнитуда од 7,7 степени што рано утрово го погоди индонезискиот остров Флорес. По потресот било регистрирано и цунами, со највисок бран од 94 сантиметри, но предупредувањето за цунами во меѓувреме е укинато.Спасувачките екипи продолжуваат со пребарување на урнатините, бидејќи постои сомнеж дека има луѓе заробени под урнатите објекти. Според досегашните информации, шест лица се повредени, а две лица останале заробени под урнатините.Најтешко погоде

Свет | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања