Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

ЗЕМЈОТРЕС

Нема фотографија

Силен земјотрес во Америка

Земјотрес со јачина од 4,5 степени според Рихтеровата скала е регистриран во американската сојузна држава Јута.Земјотресот е регистриран на 30 километри југоисточно од Сидар Сити, на длабочина од 20 километри.Граѓаните велат дека одлично го почувствувале земјотресот.„Куќата се тресеше“, „Почувствував како се лула креветот“, сведочат во коментарите на ЕМСЦ.Не се знае дали има материјална штета.

Свет | пред 1 година

zemjotres

Серијата земјотреси продолжи во Македонија, пак се тресеше во Берово

Земјотрес со јачина од 2,1 степени според Рихтеровата скала е регистриран и утрово во близина на Берово.40 минути пред овој, регистриран е уште еден со јачина од 3,2 степени. Потресите се регистрирани на седум минути – еден по друг.Ова е четврт земјотрес во овој дел на Македонија од вчеравечер кога имаше два други со слична јачина.

Македонија | пред 1 година

skopje-zemjotres

Скопје денес одбележува 61 година од катастрофалниот земјотрес

Скопје денес ќе одбележи 61 година од катастрофалниот земјотрес што се случи на 26 јули 1963 година. Во земјотресот кој се случи, животот го загубија 1070 лица, а 3000 беа повредени. Трагедијата засекогаш го смени изгледот на градот под Водно и судбината на неговите жители. Беа урнати 15. 800 станови, а оштетени 28. 000. Над 200 000 луѓе остана без покрив над главата.Во Музејот на град Скопје вечерва во 20:30 часот ќе биде отворена изложбата „Културните институции во Скопје по земјотресот во 1963 година“ чиј автор е Зоја Богдановска, која е кустос советник историчар во Музејот.Во Музеј на современата уметност во сеќавање на катастрофалниот скопски земјотрес од 1963 година, вечерва во 21 часот, во рамки на Летното кино под тремот, ќе биде прикажан експерименталниот документарен филм „Екран за Скопје“ (1988, 31′) на полската филмска режисерка, актерка и продуцентка Малгоржата Потоцка.По завршувањето на проекцијата, предвидено е дружење со музика.Во Кинотека на Македонија скопјани ќе можат да погледнат неколку кратки македонски филмови посветени на скопскиот земјотрес.Проекциите почнуваат во 20.30 часот, а ќе бидат прикажани пет кратки филмови и тоа „Школите и универзитетот во скопската катастрофа“, „Писмо од Скопје“, „Проштевање“, „Скопје“ и „Катастрофа, страдања, надежи“.Од Град Скопје нема најавено никакви содржини за одбележување на денот.„Скопје не е филм, не е трилер каде што го погодуваме главниот настан. Скопје е концентрација на човековата борба за слобода, резултат кој инспирира понатамошни борби и неприфакање на поразот”, ќе напише Жан Пол Сартр таа 1963 година…

Скопје | пред 1 година

Zemjotres

Два земјотреси ја тресеа Македонија

Земјотрес ја стресе Македонија, на 14 километри од Берово.Магнитудата според првичните информации е 3,3 степени според Рихтеровата скала, а длабочината 12,4 километри.Земјотрес е остен во источниот дел на земјава.По овој, регистриран е уште еден послаб, со магнитуда од 2,6 степени според Рихтеровата скала. Вториот земјотрес е регистриран две минути по првиот.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Силен земјотрес ја погоди Албанија, а беше почувствуван и во Македонија

Земјотрес со јачина од 4,4 степени според Рихтеровата скала утрово околу три часот по локално време ја погоди Албанија.Епицентарот на земјотресот бил во Јадранското Море, на 37 километри од Драч.Според ЕМСЦ, земјотресот бил на длабочина од 6,1 километри.Земјотресот беше почувствуван и во Македонија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Хрватска и Србија.

Свет | пред 1 година

Нема фотографија

Силен земјотрес ја погоди Грузија

Земјотрес со јачина од 4,4 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди Грузија.Земјотресот е регистриран на длабочина од 10 километри, на 11 километри југоисточно од Цнори.,,Добро ни потресе“, „Бев во бањата кога водата почна да се тресе“, сведочат жителите на Грузија.Граѓаните јавуваат дека земјотресот бил благо почувствуван во Тбилиси.Не се знае дали има материјална штета.

Свет | пред 1 година

Нема фотографија

Земјотрес со јачина од 7,4 степени го погоди Чиле

Земјотрес со јачина од 7,4 степени според Рихтеровата скала во четвртокот вечерта го погоди северниот дел на Чиле, во близина на границата со Аргентина, а засега нема извештаи за повредени или поголема материјална штета, соопшти Американскиот геолошки институт.Во соопштението се наведува дека епицентарот на земјотресот бил на 45 километри југоисточно од градот Сан Педро де Атакама, на длабочина од 117 километри.Не е издадено предупредување за цунами, пренесува АП.Претседателот на Чиле, Габријел Бориќ на платформата Х напиша дека според првичните информации нема извештаи за повредени или поголема материјална штета.Бориќ рече дека поради земјотресот делови од карпата паднале на автопатот што ги поврзува општините Калама и Токопиља, источно од епицентарот, а во градот Сан Педро де Атакама дошло до прекин на електричната енергија.Чиле се наоѓа во таканаречениот „огнен прстен“ на Пацификот, каде што се чести земјотресите.Во 2010 година, 526 луѓе загинаа во земјотрес со јачина од 8,8 степени според Рихтеровата скала и цунамито што следеше во Чиле.

Свет | пред 1 година

Нема фотографија

Земјотрес ја погоди Италија, паника во Неапол

Земјотрес со јачина од 3,6 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди областа Кампи Флегреи во италијанската област Кампанија, а земјотресот предизвика паника во Неапол.Земјотресот е почувствуван во центарот, но и во другите делови на Неапол, а особено силно на повисоките катови од зградите, пренесе Анса.По првиот земјотрес следеа неколку послаби последователни потреси.На ова подрачје веќе неколку месеци е нагласена сеизмичка активност, што предизвикува вознемиреност кај локалното население, велат од Анса.

Свет | пред 1 година

Нема фотографија

Почувствуван земјотрес во Скопје

Денес околу 14 часот почувствуван земјотрес во Скопје, известуваат од ЕМСЦ.„Кратко тресење и гласен краток звук“, „Беше кратко, но почувствувавме дека е некаде блиску, беше околу 2,2 или 2,3 степени“, се дел од коментарите на жителите кои го почувствувале земјотресот.

Скопје | пред 1 година

Нема фотографија

Земјотрес со јачина од 4,1 степени во Грција

Силен земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтеровата скала ја погоди Грција, јавува EMSC.Земјотресот се случил на 20 километри од градот Арт во северозападниот дел на земјата.Земјотресот е регистриран на длабочина од пет километри.Засега нема информации за повредени или материјална штета.Луѓето на веб-страницата на ЕМСЦ пишуваат дека земјотресот траел неверојатно долго.„Се тресеше околу 20 секунди“, „Многу силно“, се само дел од коментарите кои луѓето ги дадоа.

Свет | пред 1 година

Нема фотографија

Земјотрес ја погоди Албанија

Земјотрес со јачина од 3,4 степени според Рихтеровата скала утрово ја погоди Албанија, јавува ЕМСЦ.Земјотресот е регистриран на три километри од Поградец, на длабочина од 15 километри.Засега нема информации за повредени или материјална штета.

Македонија | пред 1 година

Zemjotres

Земјотрес со јачина од 6,7 степени ги погоди Филипините

Земјотрес со јачина од 6,7 степени според Рихтеровата скала денеска ги погоди Филипините, соопшти Германскиот истражувачки центар за геонауки (ГФЗ).Епицентарот на земјотресот бил во близина на вториот по големина филипински остров Минданао, на длабочина од 630 километри.Сеизмолошката агенција на Филипините соопшти дека не се очекува земјотресот во длабоко море да предизвика штета, но се очекуваат последователни потреси, пренесува Ројтерс.Филипините се наоѓаат во пацифичкиот „Огнен прстен“, каде што се чести вулкански активности и земјотреси.

Свет | пред 1 година

Нема фотографија

Силен земјотрес го погоди Родос

Силен земјотрес со јачина од 4,7 степени според Рихтеровата скала го погоди грчкиот остров Родос.Земјотресот е регистриран во 12:11 часот по локално време на длабочина од 10 километри.Засега нема информации за повредени или материјална штета.Нема опасност од цунами.Туристите во коментарите на веб-страницата на ЕМСЦ пишуваат дека го почувствувале земјотресот додека се сончале.„Се сончавме, почувствувавме како лежалките ни се движат. Како некој да стоеше над нас и да ни ги тресе лежалките“, вели еден турист на Родос.„Многу силно, но краткотрајно“, „Спиев кога ме разбуди силен земјотрес“, се дел од коментарите на граѓаните.

Свет | пред 1 година

Нема фотографија

Земјотрес со јачина од 5,5 степени во Панама

Земјотрес со јачина од 5,56 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди областа на границата меѓу Панама и Костарика, соопшти германскиот истражувачки центар за геофизика (ГФЗ).Според GFZ, земјотресот бил на длабочина од 10 километри, а пренесува Reuters.Засега нема информации за повредени или материјална штета.

Свет | пред 1 година

Нема фотографија

Земјотрес утрово во Грција

Земјотрес со јачина од 3,8 степени според Рихтеровата скала утрово ја погоди Грција, јавува ЕМСЦ.Земјотресот е регистриран на Крит, на 63 километри од Ираклион, на длабочина од 14 километри.Засега нема информации за повредени или материјална штета.

Свет | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања