Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

ЗЕМЈОТРЕС

Нема фотографија

Земјотрес во БиХ, се почувствувал во повеќе градови: „Мебелот ни се тресеше“

Силен земјотрес со јачина од 3,6 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди БиХ.Епицентарот бил во близина на Зеница.На веб-страницата на ЕМСЦ луѓето пишуваат дека овој земјотрес силно бил почувствуван и во Какањ, Криваја, Теслиќ, Долац, Тузла и Градачац.,,Удри силно, мебелот ни се тресеше“, напиша еден Зеница.,,Кратко, но силно“, напиша еден од Травње.Луѓето пишуваат дека тресењето се почувствувало и на повисоките катови од зградите.Засега нема информации за жртви и материјална штета.

Свет | пред 1 година

turcija-zemjotres-2

(Видео) Земјотрес со јачина од 7,2 степени го погоди Перу

Во текот на ноќта силен земјотрес со јачина од 7,2 степени го погоди брегот на јужниот дел на Перу. Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 28 километри и 8 километри оддалечен од градот Атикипа. Локалните жители на социјалните мрежи напишаа дека почувствувале многу силен и долг земјотрес.Снимките од надзорните камери во блискиот град Каравели ја покажуваат улицата за време на земјотресот и испаничените луѓе кои излегуваат од своите куќи. Земјотресот е почувствуван и во главниот град Лима, иако е на 600 километри од епицентарот, пишува CNN.Властите велат дека нема загинати. „Само ги анализираме прелиминарните извештаи. Засега нема загинати. Ја проценуваме штетата на инфраструктурата“, рече премиерот Густаво Адрианзен. Нема опасност од цунами.Перу и поголемиот дел од брегот на Тихиот Океан на Јужна Америка се наоѓаат на границата на две тектонски плочи: јужноамериканската плоча, која го опфаќа најголемиот дел од континентот и плочата Наска, која се протега низ Тихиот Океан долж поголемиот дел од брегот.

Свет | пред 1 година

Нема фотографија

Перу го погоди земјотрес со јачина од 7 степени: Предупредување и за цунами

Земјотрес со јачина од 7 степени според Рихтеровата скала го погоди јужниот брег на Перу во 5:36 часот по средноевропско време, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).Епицентарот на земјотресот е регистриран на 30 километри југо-југозападно од Атикуипа, Арекипа. Земјотресот се случи на длабочина од 60 километри.Засега нема информации за штети или дека има повредени.Издадено е предупредување за цунами, пренесува breakingthenews.net.

Свет | пред 1 година

Zemjotres

Силен земјотрес ја погоди Аргентина

Земјотрес со јачина од 4,6 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди провинцијата Мендоза на западот на Аргентина, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).Во соопштението се наведува дека епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 123 километри, на околу 1.086 километри од главниот град на Аргентина, Буенос Аирес.Засега нема информации за евентуални повредени или материјална штета.

Свет | пред 1 година

Нема фотографија

Нов силен земјотрес со јачина од 4,5 степени

Земјотрес со јачина од 4,5 степени според Рихтеровата скала го погоди денеска Чиле, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки институт (EMSC).Земјотресот се случил на длабочина од 67 километри, додава EMSC. Епицентарот на земјотресот бил на 80 километри јужно од градот Ла Серена, кој има 154.000 жители.Засега нема информации за евентуална материјална штета.

Свет | пред 1 година

Нема фотографија

Земјотрес ја погоди Албанија

Земјотрес со јачина од 2,8 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди Албанија.Земјотресот е регистриран околу 14 часот во крајбрежното подрачје.Земјотресот бил на длабочина од 15 километри.Епицентарот на земјотресот е регистриран на 106 километри југозападно од Елбасан.Граѓаните известуваат дека го почувствувале земјотресот, но дека нема штета.

Свет | пред 1 година

Нема фотографија

Три земјотреси за неколку минути го погодија Крит

Три земјотреси со јачина од 3, 3,4 и 3 степени според Рихтеровата скала се случија во раните утрински часови во средата јужно од Крит, во поморската област.Првиот земјотрес беше со јачина од 3 степени.По него следеше малку посилен земјотрес со јачина од 3,4 степени според Рихтеровата скала, а епицентарот бил на 48 километри од градот Палеохора. Фокусната длабочина беше 6,7 километри.Третиот земјотрес со јачина од 3 степени бил на истото место како и вториот, на длабочина од 12,9 километри.Засега нема информации за повредени или материјална штета.

Свет | пред 1 година

Нема фотографија

Силен земјотрес: 5,8 степени

Земјотрес со јачина од 5,8 степени според Рихтеровата скала го погоди северниот дел на Перу, соопшти германскиот истражувачки центар за геонаука.Во соопштението се наведува дека епицентарот бил на длабочина од 10 километри.Според Геолошкиот институт на САД, земјотресот бил со јачина од шест степени според Рихтеровата скала.Епицентарот на земјотресот бил на 31 километар од градот Чала во областа Арекипа.

Свет | пред 1 година

Нема фотографија

Повторно земјотрес во Србија: Четврти земјотрес во последните 11 дена

Јагодина синоќа ја погоди земјотрес со јачина од 2,1 степени според Рихтеровата скала.Иако овој земјотрес не е силен и не може да предизвика материјална штета, интересно е што ова е четврти земјотрес во последните 11 дена во подрачје кое е мирно во претходните шест години.Земјотресот повторно е регистриран на потегот Ракитово-Мијатовац, на длабочина од два километри.Ова е втор земјотрес во истиот ден, откако претходно ноќта меѓу среда и четврток беше регистриран земјотрес со јачина од 2,3 степени.Вториот, послаб земјотрес е забележан синоќа околу 23 часот.

Свет | пред 1 година

zemjotres-srbija

Земјотрес во Србија во текот на ноќта

Земјотрес со јачина од 2,3 степени според Рихтеровата скала во текот на ноќта ја потресе Јагодина.Според Републичкиот сеизмолошки завод, земјотрес со јачина од 2,5 степени според Рихтеровата скала е регистриран во Јагодина.„Теоретскиот интензитет во епицентарот се проценува на III-IV степени од Меркалиевата скала. Земјотресите со ваков интензитет не можат да предизвикаат штета на зградите во епицентралното подрачје“, се наведува на веб-страницата на институтот.Да потсетиме, за десет дена ова е трет земјотрес регистриран на ова подрачје. Првиот беше 2,6 степени, додека вториот беше забележан на 11 јуни и беше 2 степени по Рихтеровата скала.

Свет | пред 1 година

Нема фотографија

Најсилниот земјотрес од почетокот на годината

Земјотрес со јачина од 4,8 степени според Рихтеровата скала го погоди југозападниот дел на Јужна Кореја, предизвикувајќи мала штета на зградите.Во најсилниот земјотрес во оваа земја од почетокот на годината нема повредени, пренесува АП.Земјотресот се случи во Буан, на длабочина од осум километри.Националната агенција за пожари соопшти дека биле регистрирани осум помали материјални штети во Буан и соседниот град Иксан, каде што биле напукнати ѕидовите на некои куќи.Комисијата за нуклеарна безбедност на Јужна Кореја објави дека проценува дека земјотресот не ја загрозил безбедноста на нуклеарните централи во земјата.

Свет | пред 1 година

Нема фотографија

Серија земјотреси на грчкиот остров Крит

Најмалку три земјотреси утринава го погодија грчкиот остров Крит за помалку од половина час, јавува EMSC.Првиот земјотрес е регистриран во 7 часот и 57 минути по наше време и бил со јачина од 3,7 степени според Рихтеровата скала.Само три минути подоцна, точно во 8 часот, на Крит има нов земјотрес, со јачина од 3,1 степени според Рихтеровата скала.

Свет | пред 1 година

Нема фотографија

Земјотрес со јачина од 5 степени во Кина

Земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди округот Веили во кинеската автономна ујгурска провинција Ксинџијанг, соопшти Кинескиот центар за земјотреси (CENC).Земјотресот се случил на длабочина од 20 километри, јавува агенцијата Ксинхуа.Локалните власти соопштија дека засега нема извештаи за повредени.

Свет | пред 1 година

Нема фотографија

Земјотрес во Босна и Херцеговина

Земјотрес со јачина од 3,4 степени според Рихтеровата скала утрово во 9 часот и 50 минути ја погоди Босна и Херцеговина, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).Епицентарот на земјотресот бил на 17 километри западно од Мостар и 5 километри јужно од Широки Бријег, на длабочина од 7 километри.Нема извештаи за материјална штета.

Свет | пред 1 година

Нема фотографија

Земјотрес го погоди Призрен

Земјотрес со јачина од 2,4 степени според Рихтеровата скала доцна синоќа го погоди Призрен.Земјотресот е регистриран околу 01:44 часот на длабочина од 5 километри.Ваквиот земјотрес не предизвикува штети, дури ни во епицентарот, но не потсетува на сеизмолошката активност во Србија.

Свет | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања