Промени тема
Контакт

Пациентки и роднини сведочеа во „Онкологија 1“: за еден сведок Нино Васев е „Господ“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 11 месец -

Македонија
nino-vasev

На денешното рочиште за случајот „Онкологија 1“, сведочеа пациенти и роднини на лица кои се лекувале на Клиниката за онкологија. Една од оштетените, пациентка со дијагноза рак на дојка, изјави дека лекувањето го започнала во Виена, а потоа го продолжила во Скопје кај докторите Мери Пешевска и Нино Васев, при што нагласи дека не се приклучува кон кривичниот прогон против Васев.

— реклама —

Во судницата сведочеше и ќерка на почината пациентка, инаку медицинска сестра, која рече дека мајка ѝ се лекувала 13 години на Онкологија и дека сите тие години ја следела терапијата. Таа нагласи дека не бара оштета и не се чувствува оштетена, додавајќи дека доктор Васев за неа е „Господ“.

Како сведок се јави и друга пациентка, која исто така не се приклучи на кривичниот прогон и посочи дека терапијата ја примала според насоки на лекарите, со редовни контроли на срцето поради онколошката терапија.

— реклама —

Во текот на рочиштето, обвинителката Ана Гоговска Јакимовска го презентираше материјалот од претресот во канцеларијата на Васев, при што биле пронајдени 22 кутии со ампули, лекови против гадење, „ерлотиниб“ за карцином на бели дробови, „метросант“ за рак на дојка и други медицински материјали, кои не смееле да се наоѓаат надвор од клиничката аптека.

— реклама —

Обвинителството го терети поранешниот медицински директор д-р Нино Васев за тешки дела против здравјето на луѓето и несовесно лекување, а заедно со него се обвинети и онколозите Симонида Црвенкова и Драган Јакимовски.

Судот денеска го прифати извештајот на техничкиот советник на обвинителството, д-р Милан Ристески, иако одбраната бараше негово изземање. Судот оцени дека нема основ за тоа, бидејќи Ристески од 2018 година не работи на Онкологија и моментално е ангажиран во приватна болница.

Предметот „Онкологија 1“ продолжува, а во следните рочишта се очекува изведување на дополнителни докази и сведоци предложени од обвинителството.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

eZy-Watermark_01-10-2023_05-04-46-2790PM

Минатата година имало околу 1.000 нови случаи на рак на дојка, на Онкологија се лекуваат 7.000 пациенти

Македонија | пред 2 дена

— реклама —
nino-vasev

Продолжи судењето за „Онкологија“: Судот го одби барањето на Васев за изземање на техничкиот советник на Обвинителството

Македонија | пред 3 седмици

eZy-Watermark_01-10-2023_05-04-46-2790PM

Пациенти алармираат дека недостигаат онколошки терапии, директорот: Испораките доцнат од дистрибутерите

Македонија | пред 1 месец

2_99

„Доцнењето на дел од лековите е надминато, терапијата не беше прекината“, велат од Клиниката за онкологија

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања