Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

„Пациентот не треба да носи папки и ЦД-а“ – Алиу најави нова ера на дигитално здравство

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
media-librarycm2uhmo5hhfh07gcEQW

Министерот за здравство Азир Алиу, по повод една година од преземањето на функцијата, порача дека неговата цел не била да создаде впечаток дека сите проблеми во здравството се решени, туку да започне нивно системско надминување.

— реклама —

„Здравството е еден од најсложените и најчувствителните системи во државата. Секоја слабост ја чувствува пациентот, а секое одложување значи изгубено време за некого кому му е потребна грижа“, истакна Алиу во видеообраќањето.

— реклама —

Тој посочи дека биле наследени бројни предизвици, меѓу кои недостиг на кадар, нерамномерна достапност на услугите, застарена инфраструктура и систем кој предолго функционирал со хартиена документација и фрагментирани податоци.

Според Алиу, во изминатата година е поставена нова насока на развој преку дигитална трансформација, воведување транспарентни листи на чекање и развој на телемедицината во Дебар и Делчево, со цел специјалистичките услуги да им бидат подостапни на граѓаните.

— реклама —

Тој нагласи дека се инвестира и во регионалните здравствени центри, преку проекти во Штип, Тетово, Кичево, Струмица и Битола, како и преку набавка на 100 нови амбулантни возила и реконструкција на операциони сали.

— реклама —

„Не сме на крајот од реформите. Се наоѓаме во нивната најважна фаза – поставување на системот на нови основи. Имаме уште многу работа, но денес знаеме појасно каде одиме – кон дигитално поврзано, кадровски планирано и пациентски ориентирано здравство“, порача министерот Алиу.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

dijabetes

Обезбедени сензори за гликемија за 800 лица со дијабетес тип 1, зголемени и количините на инсулинска и антидијабетична терапија

Македонија | пред 2 седмици

— реклама —
media-library6b7i8j46cm5u9P1a6C1

Клековски и бугарската министерка за здраство договорија здравствена соработка до 2028 година: заеднички проекти, обуки и размена на експерти

Македонија | пред 3 седмици

media-librarys90tb8fde4dnadEnjc0

Отворен мултидисциплинарен кабинет за дојка за побрз и поквалитетен одговор за пациентките во Клиничката болница во Штип

Македонија | пред 4 седмици

korona-kovid-vakcina-vakcinacija

Нема понуди на тендерот за вакцини против грип, Министерството за здравство очекува да бидат обезбедени во текот на месецов

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања