Промени тема
Контакт

Пад на мал авион во Мавровско Езеро, повредени две лица

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 9 месеци -

Македонија
media-library6noarse0qm4r6RZJLQc
Илустрација

Две лица се хоспитализирани во гостиварската болница по пад на мал спортски авион во водите на Мавровското Езеро, информираа од СВР Тетово.

Според портпаролот на СВР Тетово, Фатмир Реџепи, денеска околу 12:35 часот било пријавено дека во близина на браната „Белички канал“ во Мавровско Езеро се урнал мал авион.

— реклама —

„Од леталото на копното успеале да излезат двајца косовски државјани, Џ.П. (41) и Д.М. (64), кој го управувал авионот. Тие се здобиле со повреди и се пренесени во Медицинскиот центар во Гостивар“, изјави Реџепи.

— реклама —

Полициски екипи од Полициското одделение Маврово веднаш излегле на терен. Во разговор со полицијата, пилотот Д.М. изјавил дека бил принуден да слета во езерото поради проблем со моторот.

— реклама —

Повеќе детали се најавени по завршување на увидот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library4ahbgqhus284eM7AvvE

Ова никогаш не го ставајте во горниот преградок во авион: Може да се оштети, да повреди патник или да предизвика пожар

Патувања | пред 1 седмица

— реклама —
media-librarys5jopslvbiiu0EusAfy

Поранешен холандски министер користел пауербанк во авион, па избувнал пожар

Свет | пред 1 седмица

media-libraryctrb63k98l456fk4hCl

Дали сте забележале мала дупка на прозорецот од авионот? Еве за што всушност служи

Патувања | пред 1 седмица

media-libraryctrb63k98l456fk4hCl

Зошто стјуардесите бараат да ги подигнете ролетните на прозорците во авионот пред полетување?

Патувања | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања