Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Папата Лав: Војната на Блискиот Исток е скандал за целото човештво

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Свет
media-librarym2b3h3d0upkj4pa7x7w

Папата Лав остро ја осуди војната на Блискиот Исток, оценувајќи дека страдањата и уништувањето претставуваат „скандал за целото човештво“ и упати повик за итен прекин на непријателствата.

— реклама —

Говорејќи на неделната молитва „Ангелус“ на плоштадот „Свети Петар“ во Ватикан, поглаварот на Католичката црква истакна дека со загриженост ја следи ситуацијата во регионот, но и во другите делови од светот погодени од насилство и конфликти.

— реклама —

„Не можеме да останеме неми пред страдањето на толку многу луѓе, беспомошни жртви на овие судири. Она што ги боли нив, го боли и целото човештво“, порача папата Лав.

— реклама —

Тој повторно апелираше до верниците да истраат во молитвите, со цел да се стави крај на конфликтите и да се отвори пат кон мирот.

— реклама —

Изјавата доаѓа во момент кога војната меѓу САД, Израел и Иран влегува во четвртата недела, со сè поголем број жртви и разурнувања во регионот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarymqmoqndcrmt5djuxiZl

Експлозии и сирени во Бахреин, Иран тврди дека нападнал американска воена база

Свет | пред 2 часа

— реклама —
media-libraryov0djnslj3i7edB3QDo

Иран бара одговорност од САД и Израел: Меѓународното право не смее да биде подредено на силата

Свет | пред 1 ден

media-libraryhb80gm6shsn85tfBtQv

Јемен обвинува: Иран ги користи Хутите за притисок врз земјите во регионот и светот

Свет | пред 2 дена

media-library0n7gg5pde9lhaJMTimR

Иран се закани: Ќе ги нападнеме американските бази во Европа доколку се користат за напади врз нас

Свет | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања