Пендаровски се сретна со активистот кој започне штрајк со жед пред Собрание барајќи целосно решение за лицата без документи

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
355143858_833095114848067_4196146501286828593_n

Активистот за човекови права и слободи Суад Мисини го започна најавениот штрајк со жед. Оваа негова постапка доаѓа како резултат на негрижата на институциите да не одобрат законски измени во корист на лицата за кои државата нема никаква евиденција, познати како граѓани фантоми. Според него, за еднаш засекогаш да се реши овој проблем мора да се сменат законите за лична карта и за живеалиште. Оптимист е дека институциите навреме ќе интервенираат.

— реклама —

Утрово претседателот Стево Пендаровски го посети Мисини и го информирал дека го потпишал Указот на законот со кој се изменува Законот за матична евиденција на граѓаните.

— реклама —

„Утрово го посетив активистот Суад Мисини кој во текот на вчерашниот ден го започна неговиот штрајк со жед со цел да им помогне на нашите граѓани кои имаат проблем со личните документи.

— реклама —

Во разговорот го информирав дека веќе го потпишав Указот на законот со кој се изменува Законот за матична евиденција на граѓаните. Со овие измени им се овозможува на над 600 наши граѓани да ги решат нивните проблеми и да добијат лични документи. Исто така со измените ќе се реши и проблемот со без државјанството и на секое дете кое ќе биде родено во земјата затоа што ќе добие извод при раѓање, без разлика дали неговите родители имаат или немаат лични документи.

Посебно сакам да потенцирам дека е потребно што е можно поскоро да се направат измени и во Законот за живеалиште и престојувалиште со што ќе се овозможи на уште една ранлива категорија наши граѓани да извадат лични документи.

Апелирам до пратениците во македонското Собрание кои веќе работат на овој процес да го завршат час поскоро затоа што секој човек има право на достоинствен живот.

На крајот на разговорот побарав од Суад Мисини да продолжи со неговиот активизам на начин на кој нема да биде загрозено неговото здравје“, објави Пендаровски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryqtsr2hlacuj78WphT5u

Мицкоски се сомнева дека и Пендаровски има кривична одговорност, повика и на истрага за тврдењата на Жан Митрев

Македонија | пред 2 седмици

Foto-6

Удрија по Пендаровски: ги налути со интервју, па го обвинија дека и одмага на Македонија со порака да си троши пензија наместо да дели ум

Македонија | пред 10 месеци

Нема фотографија

Пендаровски се откажа од државната пензија, се врати како професор на Американ Колеџ

Македонија | пред 1 година

F0A57483-C8F6-4D41-8A76-9B49AA2AA973_4_5005_c

Силјановска и официјално претседател на Македонија, утре назначување и влез во Вила Водно

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања