Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Пет активни пожари во Македонија – гори шума кај Струга, Македонски Брод и Крива Паланка

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-libraryhh5dg8plv2epeFdas1H
Илустрација

Центарот за управување со кризи информира дека до 13:00 часот на 9 септември 2026 година се регистрирани вкупно 12 пожари на отворен простор. Од нив, пет се активни, четири се под контрола, а три се изгаснати.

— реклама —

Активни се пожарите во општина Струга, на потегот Буринец–Локов–Селце–Елевци, каде што гори нискостеблеста шума; во општина Македонски Брод, кај Белица, на местото Кајорец кон Брезница, во близина на репетиторот, каде што гори нискостеблеста и мешана шума; како и во општина Чучер-Сандево, во месноста Рамно кај Брест, каде што е зафатена мешана шума.

— реклама —

Активни се и пожарите во општина Крива Паланка, во селото Осиче, на местото Рамни Камен, каде што гори борова шума, како и во општина Гостивар, кај Печково, каде што е зафатена ниска вегетација и нискостеблести растенија.

— реклама —

Под контрола се пожарите кај селото Бенче во општина Македонски Брод, во општина Кичево, кај Тајмиште и месноста Дарда, во селото Копаница во општина Сарај и во општина Ѓорче Петров, кај Грачани и Никиштани.

Во текот на денот се изгаснати три пожари – над Кнежино во општина Кичево, над Стиник во општина Ново Село и во Бардовци, општина Карпош, каде што горело ѓубре.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

— реклама —
media-libraryoe5uhgfmfqkobJfifSc

Активни пожари кај Драчевица, Дебар, Јаболчиште, Матејче, Стрима и на Шар Планина

Македонија | пред 2 седмици

media-library6nieum4ej154cVJksVP

Нема активни пожари на отворено, ЦУК регистрира 28 пожари во 24 часа

Македонија | пред 1 месец

media-libraryhh5dg8plv2epeFdas1H

Еден пожар активен, еден под контрола, четири изгаснати

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања