Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Пет модни комбинации со кои ќе блеснете и на најголемите горештини

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 часа -

Магазин
media-libraryo52v1lt0isk84UUVJXL
unsplash

Кога температурите ќе надминат 30 степени, изборот на облека станува вистински предизвик. Сепак, со вистинските материјали и кроеви може истовремено да се чувствувате удобно и да изгледате модерно. Ленот, памукот и лесните ткаенини се најдобриот избор за летните денови, а еве неколку комбинации што ќе ви помогнат да останете стилски дури и за време на најголемите горештини.

— реклама —

Лесен топ од лен или памук во комбинација со бермуди е една од најпрактичните летни варијанти. Моделите со вез или чипка внесуваат доза на елеганција, а светлите нијанси дополнително придонесуваат за свеж изглед. Комбинацијата може да се надополни со плетена чанта, капче и удобни балетанки.

— реклама —

Белата маица без ракави е безвременско парче кое лесно се комбинира со тесно здолниште. За минималистички изглед изберете памучен модел, а доколку сакате повпечатлив стил, сатенско здолниште или модел со чипка ќе биде вистински избор. Целината дополнете ја со очила за сонце, јапанки со мала потпетица и голема летна чанта.

Љубителките на панталони не мора да се откажат од нив ниту во лето. Широките сатенски панталони се лесни и пријатни за носење, а во комбинација со ленен топ создаваат елегантен дневен изглед. Неколку впечатливи модни додатоци ќе му дадат дополнителен шарм на стајлингот.

— реклама —

Летниот фустан останува наједноставниот избор за деновите со екстремно високи температури. Без разлика дали ќе изберете краток или долг модел, еднобоен или со дезен, со кожни сандали и дискретен накит лесно ќе добиете префинет и женствен изглед.

— реклама —

Капри-панталоните повторно се меѓу најпопуларните модни трендови. Во комбинација со лесна бохо блуза или модел со цветен дезен создаваат опуштен, но уреден изглед. Ако додадете сандали со потпетица, ќе добиете комбинација која е идеална и за дневни прошетки и за вечерни излегувања.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarygpfflunfclr99l7Qxno

Црната облека брзо избледува? Една состојка од кујната ќе го реши проблемот

Магазин | пред 3 часа

— реклама —
media-library96qv069tcjj72WtiDws

Дамките од сладолед се најтврдокорни: Еве како лесно да ги отстраните од облека и мебел

Магазин | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања