Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Пилот на небото напиша „Здодевно ми е“ при пробен лет

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Свет
avion

Пилот на мал авион во Велика Британија привлече големо внимание откако за време на двочасовен пробен лет со траекторијата на летот ја испиша пораката „I’m bored“ („Здодевно ми е“).

— реклама —

Според податоците од платформата за следење летови „Флајтрадар24“, авионот полетал од Ливерпул, а потоа летал над полуостровот Вирал, Чешир и Северен Велс, оставајќи траекторија што ги формирала зборовите „I’m bored“.

Од авиокомпанијата соопштија дека авионот „Пајпер Томахок“ бил на пробен лет по замена на еден дел, а го управувал инструктор по летање на возраст меѓу 20 и 30 години.

— реклама —

Менаџерот за операции, Вејн Барет, изјави дека пилотот веројатно сакал малку да се забавува за време на рутинскиот лет.

— реклама —

„Мислам дека навистина малку му било здодевно бидејќи стануваше збор само за пробен лет. Но, мора да се признае дека летањето беше изведено многу вешто“, рече Барет.

Тој објасни дека по замената на еден цилиндар на моторот било неопходно да се изврши пробен лет за да се провери дали авионот функционира исправно.

— реклама —

Според него, пилотот не е дисциплински санкциониран, а авионот безбедно се вратил во хангар. Единствената последица, како што рече Барет, е тоа што необичниот лет привлекол големо медиумско внимание.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryr08d1ofls4248G8ipwP

По Италија, закани за бомби и во Велика Британија: Над 770 училишта добиле идентични пораки

Свет | пред 1 ден

— реклама —
media-librarylmrquvmpq7599jciJU6

„Див Запад“ со електричните велосипеди: Британија подготвува нови ограничувања

Слајдер | пред 1 седмица

media-libraryhsd4j422rdm05gRemPR

Аларм во британското воено воздухопловство: непознати објекти поминувале покрај воени авиони

Свет | пред 3 седмици

media-libraryiab2fgsn71ic21PI55B

(Видео) Прескокнал заштитна ограда во британска зоолошка градина и влегол кај тигарот, кој го убил

Свет | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања