Промени тема
Контакт

Пленковиќ: Долготрајниот конфликт на Блискиот Исток може да има сериозни последици

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Свет
plenkovich

Хрватската влада на денешната седница донесе одлука за обезбедување организирано враќање на хрватските државјани од подрачјата на Блискиот Исток загрозени од војна. Премиерот Андреј Пленковиќ соопшти дека сите хрватски државјани кои тоа го посакале веќе биле евакуирани од Иран, Израел и Јордан, јавува HRT.

— реклама —

Долготрајниот конфликт на Блискиот Исток може да има сериозни хуманитарни и безбедносни последици, вклучувајќи можност за нови бегалски бранови“, нагласи Пленковиќ.

— реклама —

Како дополнителен проблем, тој посочи можност за затворање на Ормутскиот теснец, една од клучните светски поморски рути за енергенти.

Во случај на долготрајно затворање на Ормутскиот теснец тоа би можело да резултира со нагло зголемување на цените на нафтата и гасот, како и со нови инфлаторни притисоци на глобално ниво“, рече Пленковиќ.

— реклама —

Премиерот нагласи дека Владата е подготвена да одговори на можниот пораст на цените.

Владата ќе знае како да одговори на евентуалниот пораст на цените на енергенсите поради оваа криза. За тоа темелно разговаравме вчера при подготовка на денешната седница. Имаме, за жал, големо искуство од пред неколку години и јасно велам дека сме подготвени да донесуваме акти со кои ќе се ограничат цените на енергенсите ако биде потребно, како и да воведеме други мерки кои веќе помогнаа и кои би помогнале и во иднина на нашите граѓани и на економијата“, рече Пленковиќ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarysnqggkuq7e1afVssmvy

„Њујорк тајмс“: САД подготвуваат нов голем напад врз Иран, разработен план за тридневна операција

Свет | пред 1 ден

— реклама —
media-libraryjgophhe4evq21KnGWtW

Иран постави „црвена линија“: Признавањето на правото на збогатување ураниум е клучно

Свет | пред 3 дена

media-library8ud7rds13skn3MIu41z

Иран најави затворање на дел од пловните рути во Ормускиот Теснец

Свет | пред 3 дена

media-librarylacsaq24tqi36JiUMlR

Иран го доби одговорот од САД на предлогот за прекин на војната

Свет | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања