Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

По денешната вонредна седница на Владата ќе биде појасно дали следува пад на цените на горивата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
media-library4vurusd1p6jad0zHUaH

На денешната вонредна седница Владата ќе ги разгледува мерките поврзани со нафтените деривати, а според најавите на премиерот Христијан Мицкоски, се очекува намалување на цената на дизел-горивото и стабилизирање на состојбите на домашниот пазар.

— реклама —

Мицкоски изјави дека владините анализи, базирани на движењата на светските берзи во текот на втората половина на мај и изминатата недела, покажуваат услови за постепено смирување на цените.

— реклама —

– Очекуваме полека, но сигурно да се стабилизираат цените и кај нас. Повластената стапка на ДДВ за бензините од 10 проценти ќе се врати на 18 проценти, додека намалувањето на акцизата од два денари по литар ќе остане во сила за дизелот и безоловните бензини од 95 и 98 октани – изјави премиерот.

Тој посочи дека Владата води разговори со Окта за можен дополнителен попуст во првата половина од јуни.

— реклама —

Според владините пресметки, бензините би можеле да останат на сегашното ниво или да поскапат минимално, додека дизелот би поевтинил за околу шест до шест и пол денари по литар.

Новите цени на горивата треба да бидат познати утре, кога Регулаторната комисија за енергетика ќе ја донесе редовната одлука за малопродажните цени на нафтените деривати.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryrvnv9su2jj953qKCRwJ

Граѓаните во септември најмногу купувале гориво

Македонија | пред 11 час

— реклама —
235995063_373230004432051_1972069012189169322_n

Бензините поевтинуваат за пет денари, дизелот останува со иста цена

Македонија | пред 4 дена

235995063_373230004432051_1972069012189169322_n

Нови цени на горивата од полноќ: бензините поевтинуваат за 2,5 денари, дизелот поскапува за 2 денари

Македонија | пред 1 седмица

media-librarysgfk5147lgugeW3ne5o

Фицо: Европа има големи проблеми со нафтата и горивото

Свет | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања