Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

По реакциите за „Секси мама“ во „Македониумот“, директорот на Историскиот музеј во Крушево си поднесе оставка

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Македонија
media-libraryf5b8gtajjj0deEDQNtm

Директорот на НУ „Историски музеј“ – Крушево, Миха Оџаклиески, денеска поднесе неотповиклива оставка по реакциите во јавноста за снимањето на музичкиот спот „Секси мама“ во „Македониумот“.

— реклама —

Оџаклиески ја опиша својата одлука како личен, морален и етички чин, со кој, како што наведува, презема одговорност кон институцијата и јавноста.

Оставката доаѓа по реакциите за снимањето на спотот на косовскиот рапер Дон Џони во внатрешноста на „Македониумот“, кој е заштитено културно наследство.

— реклама —

Претходно, Оџаклиески потврди дека просторот бил отстапен за потребите на продукцијата за надомест од околу 500 евра. Според него, снимањето траело од пет до шест часа.

— реклама —

Тој посочи дека Управниот одбор донел одлука со која се овозможува користење на просторот за снимања, соодветно наменети и со предвиден надомест.

Снимањето на спотот предизвика низа реакции во јавноста, при што дел од уметничката и пошироката јавност го оценија како несоодветно користење на простор со историско и културно значење.

Случајот отвори и прашања за начинот на користење на културно-историските споменици за комерцијални продукции и за критериумите според кои се одобрува нивното користење.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library70mu5f1d0v9e4cucyeE

(Фото) „Во оваа држава само градежна маркица има вредност“: Многуфина со фотографии од отпадот кај Скопскиот аквадукт

Коментари | пред 3 седмици

— реклама —
media-libraryf5b8gtajjj0deEDQNtm

Раперот Дон Џони по реакциите за спотот во Македониумот: Не сакавме никого да навредиме

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryctfaif6ij7d85USwRoK

(Видео) Младите од СДММ бараат одговорност за срамот со „Секси мама" и сквернавење на „Македониумот“

Македонија | пред 3 седмици

media-library2352l8gcech06R73Pe3

(Видео) По „Секси мама“ во „Македониумот“, Мицкоски најави разрешување на директорот и Управниот одбор на музејот

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања