Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

(Видео) По „Секси мама“ во „Македониумот“, Мицкоски најави разрешување на директорот и Управниот одбор на музејот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Македонија
media-library2352l8gcech06R73Pe3

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека ќе побара разрешување на директорот и членовите на Управниот одбор на институцијата надлежна за „Македониумот“ во Крушево, по снимањето на спотот за песната „Секси мама“.

Мицкоски рече дека ги следел реакциите во јавноста и оцени дека случувањето во Македониумот не требало да се случи.

— реклама —

„Навистина, тоа што таму се случило претставува нешто што не требало да се случи“, изјави Мицкоски.

Тој најави дека ќе побара од министерот за култура и туризам да биде разрешен директорот на институцијата, како и членовите на Управниот одбор.

— реклама —

„Ќе побарам од министерот за култура и туризам да биде разрешен директорот на таа институција, заедно со Управниот одбор, бидејќи таков тип на институции не треба да бидат изнемоштени и користени за такви намени“, рече Мицкоски.

Премиерот упати и извинување до граѓаните поради, како што рече, пропустот што се случил и најави дека ќе се работи ваква ситуација да не се повтори.

— реклама —

„Им се извинувам на граѓаните поради тоа што тој пропуст е направен и се случил. И ќе се трудиме во иднина такво нешто да не се повтори“, изјави Мицкоски.

Тој повторно потврди дека уште денеска ќе побара да бидат разрешени директорот и членовите на Управниот одбор.

„Така што, уште денеска ќе побарам да бидат разрешени и членовите на Управниот одбор и директорот на таа културна институција“, рече Мицкоски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library70mu5f1d0v9e4cucyeE

(Фото) „Во оваа држава само градежна маркица има вредност“: Многуфина со фотографии од отпадот кај Скопскиот аквадукт

Коментари | пред 3 седмици

— реклама —
media-libraryf5b8gtajjj0deEDQNtm

Раперот Дон Џони по реакциите за спотот во Македониумот: Не сакавме никого да навредиме

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryf5b8gtajjj0deEDQNtm

По реакциите за „Секси мама“ во „Македониумот“, директорот на Историскиот музеј во Крушево си поднесе оставка

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryctfaif6ij7d85USwRoK

(Видео) Младите од СДММ бараат одговорност за срамот со „Секси мама" и сквернавење на „Македониумот“

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања