Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Почина 12-годишно момче по напад од ајкула во Сиднеј, оштетена заштитната мрежа

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Свет
media-librarym3ip5mopev31abkWtHm

Дванаесетгодишнотo австралискo момче Нико Антиќ почина во болница, една недела откако беше нападнат од ајкула во сиднејското пристаниште, соопшти денеска неговото семејство.

Ајкулата го нападнала момчето во неделата додека со другари скокал од карпи во населбата Воклиз, на околу девет километри од деловниот центар на Сиднеј, пренесува Ројтерс. Неговите пријатели успеале да го извлечат од водата и тој бил пренесен во болница со тешки повреди на двете нозе.

— реклама —

Како што изјави портпарол на Итната помош, момчето било извлечено од водата на плажата Шарк, во паркот Нилсен, во источните предградија на Сиднеј, по што било транспортирано во Детската болница во Сиднеј на лекување поради сериозните повреди.

Плажата на која се случил нападот е затворена, а полицијата им препорача на капачите да избегнуваат влегување во морето. Според локалните медиуми, заштитната мрежа за ајкули во паркот Нилсен била оштетена за време на големи бранови во април 2025 година, а поправките биле завршени на почетокот на декември. Се смета дека момчето во моментот на нападот пливало надвор од заштитната мрежа.

— реклама —

Инцидентот доаѓа во период на зголемена загриженост во Австралија, откако десетици плажи, меѓу кои и оние во Сиднеј, беа затворени оваа недела по четири напади од ајкули во само два дена. Во септември, сурфер беше усмртен од ајкула на плажата Лонг Риф во Сиднеј.

— реклама —

Според податоците на организации за заштита на природата, во Австралија годишно во просек се регистрираат околу 20 напади од ајкули, од кои три завршуваат со смртен исход.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library97fta0ttagj8cXzyTBt

Откриен нов вид „ајкула дух“ во длабочините на Тихиот Океан

Магазин | пред 1 седмица

ajkula-jadransko-more

(Фото) Ајкула забележена на само 40 метри од брегот кај Пула – ретка појава во Јадранот

Магазин | пред 2 седмици

media-library890se3ls4vrr1cuewPo

Трагедија во Австралија: Ајкула уби 35-годишен нуркач

Свет | пред 1 месец

media-library890se3ls4vrr1cuewPo

Маж почина по напад од ајкула на островот Ротнест во Западна Австралија

Свет | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања