Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

Почина генерал-мајор Ѓорѓи Бојаџиев

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
majron-gjorgji-bojadziev

По кратко и тешко боледување вчера на 74- годишна возраст почина пензионираниот генерал-мајор Ѓорѓи Бојаџиев, поранешен началник на Генералштабот на Армијата.

— реклама —

Информацијата утринава ја потврдија и од Генералштабот.

„По кратко и тешко боледување во текот на вчерашниот ден на 74- годишна возраст, почина пензионираниот генерал-мајор Ѓорѓи Бојаџиев, поранешен началник на Генералштабот на Армијата. Бојаџиев е роден 31 март 1950 година во Ново Село, Струмица. Завршил гимназија во 1969 година, а потоа своето образование го продолжил на Воената академија на Копнената војска на ЈНА и истата ја завршил во 1973 година. Командно-штабна академија завршил како припадник на АРМ во 1995 година, а највисокиот степен на воено образование Школо за национална одбрана завршил во Франција, во 2001 година.

— реклама —

Генералот Бојаџиев во текот на неговата воена кариера, до неговото пензионирање во 2005 година, извршувал повеќе високи должности во Армијата, како командант на моторизирана бригада, командант на дивизија, началник на управата за операции, готовност и обука во Генералштабот, командант на гранична бригада, а во период од 2004 до 2005 година и највисоката должност началник на Генералштабот на Армијата.

Во текот на својата кариера повеќе пати добивал награди и признанија како заслуга за својата беспрекорна посветеност и залагање во армиската служба, пред сè во унапредувањето и усовршувањето на Армијата и армиските процеси, меѓу кои е одликуван и со Медал за воени заслуги и Орден за воени заслуги со сребрени мечеви.

Генералот Ѓорѓи Бојаџиев ќе биде погребан со воени почести денес на Градските гробишта во Штип во 14 часот, а посмртните останки ќе бидат изложени во капелата од 13.00до 14.00 часот“, се вели во соопштението оттаму.

Се огласи и Драган Ковачки, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

„Денес почина нашиот поранешен началник на Генералштабот на АРМ, генерал Ѓорѓи Бојаџиев.

Неговата посветеност, љубовта кон татковината и личниот придонес за Армијата и за Македонија, како и грижата за неговите подредени, ќе останат засекогаш запаметени.

Последен пат се сретнавме за време на парламентарни избори, кога, како и секогаш, зрачеше со енергија, оптимизам и љубов кон својот народ.

Како таков генерал ќе го паметам – секогаш на страната на вистината.

Почивај во мир, генерале.“, напиша Драган Ковачки, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryguk022uhcj9raVz3DvA

Мисајловски: Набавуваме ново оружје постојано, наскоро ќе ги покажеме новите „страјкери“

Македонија | пред 1 седмица

makedosnki-vojnik

АРМ по пронајдената дрога кај војник: Секое несовесно однесување е неприфатливо и ќе биде санкционирано

Македонија | пред 1 седмица

batinci

Муса Џавит кој го уби армискиот офицер и понатаму е недостапен за правдата – се бара со меѓународна потерница за две убиства

Македонија | пред 8 месеци

batinci

Убиениот припадник на АРМ, Агим Мухареми денеска користел слободен ден, Министерството за одбрана изрази сочуство

Скопје | пред 8 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања