Промени тема
Контакт

Почина Кирил Темков

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Македонија
media-library3e382bepg08a8xLmMqd

Денеска во Скопје, на 82 години, почина професорот по филозофија, етика и естетика Кирил Темков.

Темков беше познат филозоф и етичар со светско реноме, автор на голем број книги, учебници и научни дела од областа на филозофијата, етиката, менаџерството, уметноста, естетиката, џез музиката.

Се залагаше за воведување на предметот Етика во училиштата.

— реклама —

На македонски јазик ги има преведено делата на најзначајните светски филозофи и етичари, а предавал на неколку светски универзитети.

— реклама —

За својот придонес беше добитник на повеќе признанија, меѓу кои Наградата на Град Кавадарци, орденот „Академски палми“ на Република Франција и Меѓународната награда „Гоцева мисла“.

Автор е на бројни статии од областа на Филозофијата, Етиката, Естетиката и Културологијата, како и на повеќе книги: „Основите на еден нов Универзитет“, „Панорама на естетичките идеи од втората половина на 20-тиот век“, „Отворен Универзитет“.

— реклама —

Погребот ќе биде утре од 10.30 на Градските гробишта во Бутел.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

ohridskoezeromart

31-годишниот скопјанец кој беше пријавен за исчезнат е пронајден мртов во Охридското Езеро

Македонија | пред 4 дена

— реклама —
media-libraryabbb4f34526l1e2dhl2

Добитник на Греми награда убиен во Лондон

Свет | пред 3 месеци

media-library9h1itj50u2mndJpOFZF

Почина актерот Роберт Карадин

Свет | пред 6 месеци

media-libraryilup3lk19o9pe2h9BCA

Маж почина по полициска интервенција во Нов Загреб, претходно нападнал жена на улица

Свет | пред 7 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања