Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Почина македонскиот пејач Владо Јаневски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Македонија
media-libraryibm9rm506n3adEkgRdi

Македонската музичка сцена вечерва остана без едно од своите најпрепознатливи имиња. По кратко боледување, на една од скопските клиники почина пејачот и музичар Владо Јаневски на 66-годишна возраст.

Со своите безвременски хитови, Јаневски остави длабока трага во македонската и регионалната музика, а неговите песни со децении беа дел од животите на бројни генерации. Публиката ќе го памети по незаборавните нумери „Ако не те сакам“, „Евергрин“, „Дома си е дома“, „И тогаш некоја будала“, „Некогаш и негде“, „Црно тиквешко“, „Ова е наше Скопје“, „Не зори зоро“, „Еден бакнеж“ и многу други.

Владо Јаневски е роден на 27 ноември 1960 година во Скопје. Дипломирал на Филолошкиот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, на Катедрата за англиски јазик и книжевност.

— реклама —

Во текот на својата кариера беше член на повеќе музички состави, меѓу кои „Тост сендвич“, „Бон Тон“, „Фотомодел“ и „Ластовица“. Свиреше клавир, гитара и тапани, а зад себе остави шест студиски албуми.

— реклама —

Јаневски ќе остане запаметен и како првиот официјален претставник на Македонија на Изборот за песна на Евровизија во 1998 година во Бирмингем, каде што настапи со песната „Не зори зоро“.

Во својата богата кариера настапуваше на бројни домашни и меѓународни фестивали, меѓу кои „Југовизија“, „Славјански базар“, фестивалите во Кавен, Памуккале и Каиро.

— реклама —

Со заминувањето на Владо Јаневски, македонската музика загуби еден од своите најавтентични и најпрепознатливи гласови.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarygjg38rh4cehv1Cjzpv5

Внукот на Владо Јаневски: Сè се случи многу брзо, до последен момент се надевавме дека сè ќе помине

Македонија | пред 2 седмици

media-library24oeu4rpa785fHpivyk

Издавачката куќа „Менарт“ од Загреб се прости од Владо Јаневски

Македонија | пред 2 седмици

media-library0l5s7fpovao4dyHBnUo

(Видео) Ѕвездено небо за Владо Јаневски пред „Борис Трајковски“: Бројни фанови, колеги и пријатели му оддадоа почит

Македонија | пред 2 седмици

media-library9col2gmkam1a9xetVOh

Вечерва последно збогум за Владо Јаневски: Собир пред арената „Борис Трајковски“

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања