Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски

Почина познатиот скопски бизнисмен Боби Ле Петит

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
media-library28qcn14rurri6QgP8dA

Со длабока тага денеска Автокоманда и целата општина Гази Баба се простуваат од својот сограѓанин Боби Ле Петит (Стојковиќ). Веста за неговата смрт одекна болно низ локалната заедница, каде што важеше за синоним за хуманост, добрина и искрено пријателство.

— реклама —

Неговото заминување остави неизбришлива празнина во срцата на сите што го познаваа. Блиските посочуваат дека Боби водел тешка животна битка, борејќи се до самиот крај, но болеста беше посилна.

— реклама —

Градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски, преку социјалните мрежи изрази длабоко сочувство и ја истакна неговата добрина:

„Си замина Боби Ле Петит… Човек со големо срце, хуманист, пријател, вистински другар. Лавовски се бореше, но за жал не успеа. Не постои човек кој за него ќе каже лош збор“, напиша Стефковски.

— реклама —

Тој додаде дека загубата на Боби е загуба за целата населба:

— реклама —

„Денес загубивме сите, не само неговото семејство. Загуби Автокоманда и цела Гази Баба. Искрено сочувство до семејството Стојковиќ. Ќе останат спомените по кои засекогаш ќе го паметиме Боби! Збогум пријателе“, се наведува во прошталната порака.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryabbb4f34526l1e2dhl2

Добитник на Греми награда убиен во Лондон

Свет | пред 2 седмици

— реклама —
media-library9h1itj50u2mndJpOFZF

Почина актерот Роберт Карадин

Свет | пред 4 месеци

media-libraryilup3lk19o9pe2h9BCA

Маж почина по полициска интервенција во Нов Загреб, претходно нападнал жена на улица

Свет | пред 4 месеци

media-librarya0r3vmjokgks3V2vYKE

Почина Тихомир Јанчовски – поетот што остави трага во македонската книжевност и култура

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања