Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Поднесени се три обвиненија против полицајците за „Пулс“: дозволиле активирање на пиротехниката, отворање на клубот, казнувале непостоечка фирма

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Македонија
media-library6odcd3b3703idPduakV

Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција соопшти дека по спроведени темелни истражни постапки е поднесено обвинение против вкупно 13 полициски службеници во врска со пожарот во кочанското кабаре „Пулс“, во кој животот го загубија 63 лица, а над 220 беа повредени.

Според обвинението, полициските службеници во периодот од 14 до 16 март 2025 година не постапиле согласно прописите за заштита, не извршиле целосни и детални проверки и не ги примениле стандардните оперативни процедури за проценка и управување со ризик при вршење полициски работи. Иако бил изготвен план за акциска контрола на угостителски објекти на подрачјето на Полициската станица Кочани, тој бил идентичен за сите.

— реклама —

На критичната вечер, дел од обвинетите биле присутни во објектот, но не презеле соодветни мерки за заштита на присутните лица, ниту спречиле активирање на пиротехничка опрема, иако таа не била пријавена. Како последица на несоодветните услови за работа и пропустите при контролата, избувнал пожарот со катастрофални последици.

— реклама —

Дополнително, до Основниот кривичен суд Скопје е поднесен обвинителен предлог и против девет полициски службеници за злоупотреба на службената положба и овластување. Тие, според обвинителството, овозможиле кабарето „Пулс“ да добие лиценца во 2022 и 2023 година, иако не ги исполнувало законските услови, со што била прибавена значителна имотна корист.

„За тројца полициски службеници е поднесен обвинителен предлог. При изготвување на записниците за извршена контрола во клубот во кои констатирале сторени прекршоци против јавниот ред и мир, внеле неточни податоци за правното и одговорното лице и дозволиле да бидат поведени прекршочни постапки против неактивното правно лице и физичко лице со намера за правното лице да прибави имотна корист“, велат од ОЈО-ГОКК.

— реклама —

Во однос на уште седум полициски службеници, истражната постапка е запрена.

— реклама —

„Постапувајќи по наводите од кривичната пријава поднесена од МВР поради постоење на основано сомневање дека сториле кривично дело тешки дела против општата сигурност, јавниот обвинител во текот на истрагата презеде повеќе дејствија со цел правилно и целосно утврдување на фактичката состојба. Притоа е утврдено дека на повеќе полициски службеници им се ставаат на товар дејствија што ги презеле во временскиот период од 2012 година до 2022 година. Имајќи во предвид дека надлежноста на специјализираното одделение е воспоставена во 2018 година, предмет на кривично правна оценка во оваа постапка беа само за дејствијата преземени од 2019 година до 2022 година, додека за останатите предметот е испратен на надлежно постапување во Кочани“, додаваат од ОЈО-ГОКК.

За сите обвинети остануваат на сила мерките за обезбедување на нивното присуство во постапката, до конечна одлука на надлежниот суд.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library6qjfqdevu3o39AJNWkz

„Во „Пулс“ немало никаква заштита од пожар“: Градежното вештачење откри дека биле игнорирани сите безбедносни стандарди

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryibfhsghi67ilfEvkcGo

По сведочењата дека полицајци не помагале кога изгоре „Пулс“, родителите: Униформата служеше за граѓаните или за привилегираните?

Македонија | пред 4 седмици

media-librarys3droijois4v65fZo5A

Деко добивал дојави за полициски и инспекциски контроли, синот го предупредувал за рации – објавени пораки од телефонот на сопственикот на „Пулс“

Македонија | пред 1 месец

media-libraryn9ptuoej3o0e3BfosT9

„Немаме сила за нови неправди“: Родителите со порака од Маршот на ангелите по рочиштето за „Пулс“

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања