Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Полска го засилува надзорот на небото со нови радари поради растечките тензии во регионот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Свет
Polska-1

Полската агенција за воздушна навигација PANSA пушти во употреба два нови радарски системи со цел да го подобри надзорот на воздушниот простор и оперативната безбедност, во рамки на пошироките напори за зајакнување на одбранбените капацитети на земјата во услови на зголемени регионални тензии, објави Reuters.

— реклама —

Како членка на NATO, Полска редовно подига свои и сојузнички борбени авиони како одговор на руските воздушни напади врз цели во Украина. Во изминатите години се регистрирани повеќе нарушувања на полскиот воздушен простор. Минатиот септември бил забележан упад на дваесетина дронови за кои Варшава тврди дека биле руски, како и серија балони од Белорусија, за кои се смета дека служеле за тестирање на системите на Алијансата за откривање закани.

— реклама —
— реклама —

Новите радари се поставени во близина на Катовице и Пултуск и претставуваат дел од инвестициски план вреден 1,4 милијарди злоти, кој ќе се реализира во периодот од 2024 до 2029 година. Според агенцијата, новата технологија ќе овозможи попрецизна комуникација меѓу воздухопловите и контролата на летање.

— реклама —

Сите радарски податоци ќе се споделуваат со полската армија, што е клучен сегмент од стратегијата за зајакнување на безбедноста. Од агенцијата нагласуваат дека, покрај контролата на цивилниот воздушен сообраќај, се развива и цивилно-воена соработка, со што се создаваат алатки за флексибилно управување со воздушниот простор во случај на потреба од воени операции.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryt5ocr187in57cTfvklG

Напаѓачот во Краков бил вооружен со пушка од воен тип, во автомобилот пронајдена воена опрема

Свет | пред 1 седмица

— реклама —
media-libraryas5kk5rqf4j462fi4mD

Тензии во Полска: Масовни протести пред Уставниот суд, полицијата распореди дополнителни сили

Свет | пред 2 седмици

media-librarynndr1i8amb037uuPJHU

Хаосот во Полска не стивнува: Претседателот свика итен состанок

Свет | пред 2 седмици

media-libraryg8uq9foqo2e9bjkEsXq

Уапсен уште еден маж во Полска поради закани за убиство на Доналд Туск

Свет | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања