Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Поранешен шпион на КГБ: Путине, не оди во Будимпешта. Британците подготвуваат атентат

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 9 месеци -

Свет
putin

Владимир Путин доби драматично предупредување за наводна „британска завера за атентат“ што му се подготвува доколку отпатува во Унгарија на состанок со Доналд Трамп. Предупредувањето доаѓа од Андреј Безруков, полковник на руската надворешна разузнавачка служба (СВР) и поранешен таен агент кој со години дејствувал во САД.

Итен апел: ‘Не одете во Будимпешта’

Безруков упати директен апел до рускиот претседател: „Не одете во Будимпешта.“ Тој повика очекуваниот состанок со Трамп итно да се премести во Дубаи за да се избегне, како што тврди, „апсолутно предавничка операција“ која ја подготвуваат Британците.

„Имам многу, многу сериозни грижи околу Будимпешта“, изјави Безруков, чиј таен идентитет беше разоткриен во 2010 година, кога ФБИ ја приведе руската шпионка Ана Чапман. И двајцата беа дел од голема размена на шпиони истата година, што вклучуваше размена на десет руски агенти за четири лица кои во Русија издржуваа казна за шпионажа за Западот.

Зошто токму Британците?

Според Безруков, „целиот менталитет“ на Британците „е структуриран на таков начин што, ако Путин не постои, тогаш нема проблеми... Прво, Русија ќе се распадне“, изјави тој во гостување на руската државна телевизија.

— реклама —

Тој додаде дека владејачката класа во Лондон „разбира дека Британија наскоро може да престане да постои“. „Во суштина, елитата во неа, која беше многу, многу организирана банда, сега ја губи својата моќ, не затоа што лошо работи, туку затоа што самата земја драстично се менува, се растопува“, рече тој.

„И за нив нападот врз нас, вклучително и апсолутно предавничката операција која би можела да се изведе по повод овој состанок во Будимпешта, е одлука“, продолжи тој, без да понуди никакви докази за своите тврдења. „И тие ќе го сторат тоа. Ќе ризикуваат сè, затоа што сега ризикуваат сè. Затоа силно би советувал против (патувањето на Путин во Будимпешта).“

Кој е Андреј Безруков?

— реклама —

Водечкиот ТВ-пропагандист на Кремљ, Владимир Соловјов, го праша како тогаш да се избегне ризикот од атентат. „Постои прекрасна земја која се вика Обединети Арапски Емирати [која би можела да биде домаќин на разговорите меѓу Трамп и Путин]“, одговори Безруков. На тоа Соловјов забележа дека Путин „е толку храбар“ што веројатно сепак ќе го преземе ризикот да патува во Будимпешта.

„Понекогаш тоа не е добро... Врховниот командант (Путин) ја претставува државата, а тука интересите на државата се поважни од храброста на една личност...“, заклучи Безруков.

Андреј Безруков (65) е поранешен шпион на КГБ и СВР кој со децении работел како „спијач“ во САД под псевдонимот Доналд Хауард Хитфилд, заедно со сопругата и колешка агентка Елена Вавилова, позната како Трејси Ен Фоли.

— реклама —

Двојката одгледала два сина, Тимоти и Александер, кои немале поим дека нивните родители се шпиони. Денес, Безруков е професор на Московскиот државен институт за меѓународни односи (МГИМО) и советник на државниот нафтен гигант Росњефт.

Унгарија и налогот за апсење

Патувањето во Будимпешта би било првото патување на Путин во некоја земја од Европската унија од почетокот на инвазијата на Украина во февруари 2022 година. Унгарија ја уверила Москва дека нема да постапи по налогот за апсење што го издаде Меѓународниот кривичен суд (МКС) за Путин. Налогот се однесува на наводна незаконска депортација на украински деца во Русија, што се смета за воен злостор.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarya1be4hmuknmef73E93U

Путин повторно се пофали: Руската економија и натаму е меѓу најсилните во светот

Свет | пред 1 седмица

media-librarydlv8te5bmt661rGvq7s

(Видео) Путин: Ќе направиме сè за победа, Русија ќе ги оствари своите цели

Свет | пред 1 седмица

Putin90099

Токаев му предложи на Путин замрзнување на војната и враќање на преговорите во Истанбул

Свет | пред 1 седмица

media-librarya1be4hmuknmef73E93U

Украинските напади врз рафинериите создадоа криза со горивото во Русија

Свет | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања