Промени тема
Контакт

Порталот за електронски услуги со 290 отсто раст на издадени услуги

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Македонија
media-librarytutrt67tk1eqbGWyhLB

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски информира дека Порталот за електронски услуги во 2025 година бележи раст од 290 отсто на издадени услуги и 166 отсто зголемување на бројот на корисници, оценувајќи дека станува збор за најкористената дигитална алатка во државата и централна точка на електронските услуги за граѓаните.

— реклама —

Според него, порталот континуирано се развива и надградува, при што секој месец се воведуваат три до четири нови услуги, пред сè од категоријата на оние што граѓаните најчесто ги користат. „Успехот го мериме преку бројките, но и преку довербата што ја добиваме од корисниците секој ден“, наведува Андоновски.

— реклама —
— реклама —

Министерот нагласува дека дигитализацијата не смее да се третира како проект на една влада или на едно министерство, туку како заеднички процес во кој мора да учествуваат сите институции – законодавната, извршната и судската власт.

— реклама —

„Дигитализацијата веќе не смее да се сфаќа како нешто што е убаво да се има, туку како нешто што е задолжително да се има. Светот нема да чека на институциите кои нема да се трансформираат“, порачува Андоновски, потенцирајќи дека модернизацијата на јавните услуги е клучна за поефикасна администрација и подобра услуга кон граѓаните.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryve0vscogfdt69dEYCGe

Над 400.000 електронски барања на uslugi.gov.mk: Септември со рекордна употреба

Македонија | пред 3 дена

— реклама —
media-librarydpqkgq6lq98qddRQRl7

Андоновски од Импакт Букурешт: Со регионална соработка до повеќе инвестиции во вештачката интелигенција и подобра дигиталната инфраструктура

Македонија | пред 4 дена

media-library6puvnl3c0ch53NphE5Q

Нов Центар за услуги во Кочани: Граѓаните ќе добиваат електронски услуги на едно место

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryiva4m3khp9vb3LLFmOq

„Ниту еден податочен центар нема да има предност пред снабдувањето на граѓаните со струја и вода“, вели Андоновски

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања