Промени тема
Контакт

Поскапени се јајцата и маслото за јадење, кај другите производи нема значајни разлики, вели Мицкоски кој најави мерки ако бидат потребни

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
market-pari

Премиерот Христијан Мицкоски порача дека Владата внимателно ја следи состојбата со цените на прехранбените производи и нема да дозволи неетичко однесување од страна на трговците и снабдувачите.

Тој истакна дека Државниот пазарен инспекторат веќе е на терен и врши контроли, откако се забележани зголемувања на цените кај одредени производи.

„Ако видиме неетично однесување од снабдувачите и маркетите, како Влада ќе ги преземеме сите мерки. ДПИ е на терен“, изјави Мицкоски.

Според него, во моментов највидливо е поскапувањето кај маслото за јадење и јајцата, додека кај останатите производи нема значителни отстапувања.

— реклама —

„Имаме поскапување кај маслото и јајцата, кое е значајно и видливо. Кај останатите производи цените не отстапуваат од претходно“, рече премиерот.

Мицкоски додаде дека трговците зголемувањата ги оправдуваат со растот на цените на светските берзи, но нагласи дека Владата прави сопствени анализи и пресметки.

„Ние го следиме, калкулираме и нема да дозволиме осцилации кои ќе влијаат на стандардот на граѓаните“, потенцираше тој.

— реклама —

Премиерот уверува дека постои план за справување со евентуални ценовни шокови и дека институциите ќе реагираат навремено.

„Имаме план, реагираме. Ризици има и ќе ги решаваме. Многу работи не зависат од нас, но тоа што зависи – ќе повлекуваме потези“, порача Мицкоски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library752h05roicf34cJytLV

Владата ги негира обвинувањата на СДСМ за договорот за вода во Гостивар

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryrjbkvm5o45iq4DtLhYf

Кризна состојба во целата држава: Владата ги мобилизира сите институции за справување со пожарите

Македонија | пред 1 месец

mickoski-Ekonomski-socijalen-sovet_6-2

Мицкоски: Изборниот законик останува единственото отворено прашање од реформската агенда, на потег е опозицијата

Македонија | пред 1 месец

media-librarybf9g0lnvm3n9cF0CykI

Мицкоски за планот за Водно: Нема да направиме ниту милиметар чекор спротивен на интересите на граѓаните

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања