Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Повредена од „Пулс“ сведочи: Столе ме бодреше во Брзата помош, но не издржа, почина во Белград

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Македонија
media-libraryfagqlthlc88t29Cnrqz
KURIR.RS

Животот на ученичката од четврта година во средно стручно училиште за хемија и технологија бил наидно совршен: првенец на генерација, пијанист, дел од училишниот оркестар, дете на лекари со јасна желба – да стане доктор. Сѐ се движело во вистински правец. До 16 март.

„Борба – тоа е она што ни останува. И на преживеаните, и на родителите што ги изгубија децата. Секој од нас носи тежина што мора да ја издржи“, вели 19-годишната Надалина Грозданова, девојка која ја преживеа трагедијата во кочанската дискотека „Пулс“ – денот што засекогаш ќе го носи во срцето и на кожата. Денот што однесе 63 животи.

„Беше сабота. Го славевме роденденот на мојата најдобра другарка. Потоа петмина тргнавме на настапот на ДНК. Сѐ изгледаше вообичаено – диџеј, бенд, полна дискотека. Ние стоевме во третиот ред. Се вклучи пиротехниката, но не обрнуваме внимание. А потоа, за неколку минути, пламенот беше насекаде“, раскажува Надалина за „Курир“.

— реклама —

„Сите тргнаа кон единствениот излез. 600 луѓе – една врата. Другарките излегоа, јас не. Почнав да паничам и се онесвестив. Последното што го памтам се вресоците и обидите на луѓето да се пробијат. Кога се освестив, беше темно. Не сфатив веднаш што се случило. Можеби умот се обидува да ги избрише најстрашните слики.“

Се обидела да се извлече сама. „Не знам како успеав. Како да ме водеше нешто посилно од мене. Се сеќавам само на моментот кога поминав низ вратата. Сѐ околу тоа е избришано.“

— реклама —

Својот ужас го раскажа и 26-годишната учителка Санела Давиткова – исто така преживеана.

„Бевме точно пред бината, под пиротехниката. На почеток ни изгледаше како дел од настапот, сѐ додека пејачот не извика: ‘Излезете сите!’ Речиси сите мои пријатели излегоа, но ние тројца се заглавивме пред вратата. Од излезот ме делеше еден чекор. Кога го почувствував жешкиот воздух, ги ставив рацете преку лицето“, вели таа. Тој инстинкт ѝ го спасил лицето – рацете, пак, и денес ги носат изгорениците.

„Понатаму ништо не памтам. Мислам дека кратко се онесвестив. Кога се разбудив – заглавена. Луѓе врз луѓе, вресоци. На вратата го здогледав моето момче. Го викав, но не ме препозна – сите бевме исчадени. Но ме слушна. Не знам како ме извлече.“

— реклама —

Додека таа ја очекувала Итната помош, тој се вратил по неговите другари. „Двајцата ги извадија. Столе, еден од нив, момче што многу го сакавме, беше во амбулантното возило со мене. Беше храбар. Ме бодреше дека сѐ ќе биде добро. А тој… не издржа. Почина во Белград.“

Санела се лекувала во Солун, потоа се вратила дома. „Тешко е – лузни, воспомините… но се навикнуваш. Работам. Учениците на почеток ме гледаа поинаку, сега е нормално.“

— реклама —

И Надалина минала низ долга терапија во Солун – 75 дена со изгореници на вратот, вилицата и левата рака.

„Дојдов до болница, разговарав со родителите, а ништо не памтам. Кога се разбудив од кома, не знаев ни зошто сум таму. На интензивна нега ми кажаа што се случило. Дека загинале луѓе што ги знам. Дека изгубив пријатели“, раскажува таа низ солзи.

„Како минува времето, сфаќаш што навистина значи загуба. Не е лесно да се живее со тоа. Но останува борба. Тоа ми е најголемата животна лекција. Сфаќам колку е минливо сè што мислев дека вреди. Сонував за титулата првенец на генерација – и ја добив. Но на интензивна нега, таа титула не вреди ништо. Само сакаш да преживееш. Да се разбудиш. Да ги видиш твоите. Сè друго е помалку важно. Тоа е суштината.“

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryr3cs3mf6i9mu4GVhQxR

(Видео) Татко на жртва од „Пулс“: Се радуваме на смртта, не на животот, што ќе ни е живот без нашите деца

Македонија | пред 2 седмици

media-library5ep6umtq6r4239PXoZj

Во сабота ќе се одржи 47. „Марш на ангелите“ во Кочани

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryp20sb7pbvsnr5GZXVqQ

Kочанчанец избега од полициска станица преку прозорец, откако бил приведен со бела прашкаста материја

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryk26rk79e27ch1hZZ1NI

Нови осомничени во случајот „Пулс“: Инспектори со години не вршеле контроли

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања