Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Трифун Костовски: Нова партија, пропадната банка, масонство, старите пресметки
„Претрес“ на Трифун Костовски: Нова партија, пропадната банка, масонство, старите пресметки

Пожарот на депонијата во Радовиш продолжува, надлежните со апел до граѓаните

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Македонија
media-library441mtk6mj6boedOpA8X

Радовишката депонија и натаму е зафатена од пожар кој трае веќе петти ден, а надлежните служби сè уште работат на негово целосно локализирање.

На терен е ангажирана тешка механизација која врши насипување со земја за да се спречи понатамошно ширење на огнот.

— реклама —

Поради сериозноста на состојбата, градоначалникот на Радовиш и командантот на Кризниот штаб, Љупче Почивалец, во координација со Центарот за јавно здравје – Штип, упати апел до граѓаните да избегнуваат непотребен престој на отворено и да го ограничат движењето во периодите кога чадот е најинтензивен.

Во препораките се наведува прозорците и вратите во домовите и работните простории да останат затворени, а да се исклучат клима-уредите и вентилационите системи што внесуваат надворешен воздух.

— реклама —

Граѓаните се советуваат да користат заштитни маски од типот FFP2, FFP3 или N95 и да престојуваат во затворени простории.

Посебни препораки се упатени до децата, бремените жени, постарите лица и хронично болните, за кои се советува максимална заштита и избегнување активности на отворено.

До работодавачите е упатен апел, каде што е можно, да овозможат работа од дома или ослободување од работа за ранливите категории.

Од Општина Радовиш информираат дека сите служби се постојано на терен и преземаат мерки за локализирање и гаснење на пожарот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryisjjiuquqadp1LZJaat

Повторно запалено градското ѓубриште во Радовиш, сомнежи за подметнат пожар

Македонија | пред 2 дена

— реклама —
media-libraryd0r9lastuq4p5thrLxP

(Видео) Пет нови жаришта на радовишката депонија, претпријатието се сомнева во намерно палење

Настани | пред 1 седмица

media-libraryvdp9dn6gkjj0eboMVON

(Фото) Пожарникарите од Радовиш со драматична борба го изгаснаа пожарот во поранешен „Декортекс“

Македонија | пред 2 седмици

media-library0m0oquh2va851PzSZ7c

(Видео) Пожарот во Радовиш под контрола: Неколку пожарникари вдишале чад и се здобиле со полесни изгореници во пожарот во Радовиш

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања