Промени тема
Контакт

Пожарот кај Чаниште се движи кон Лушевица, огнената линија е многу долга

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 часа -

Македонија
media-librarycahjm944rgbdcGoImO0

Пожарот што завчера попладне избил во непосредна близина на селото Чаниште се движи во правец на селото Лушевица, информираше директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.

Во изјава дадена вчера вечерта, Ангелов посочи дека пожарот во тој момент се наоѓал приближно на средината од растојанието меѓу двете села, а огнената линија била многу долга.

Екипите на терен се обидувале да го прекинат еден од краците на пожарот, при што успешно интервенирале со дувалки и напртњачи. Во гаснењето помагало и локалното население, како и доброволниот тим на Дирекцијата за заштита и спасување од Виница.

— реклама —

„Целта е да спасиме колку што можеме повеќе вегетација“, рече Ангелов, додавајќи дека тешко е да се очекува пожарот да биде целосно изгаснат за кратко време.

— реклама —

Тој најави дека борбата со огнот ќе продолжи и денес, со ангажирање на „ер трактори“ и полициски хеликоптер. На терен биле присутни и три возила „пинцгауер“ на ДЗС, како и доброволци од Кочани и Битола.

„Имаме 30 доброволци преку тимовите на Дирекцијата, огнени тимови, ‘пинцгауери’ и пожарникари од Прилеп“, посочи Ангелов.

— реклама —

Сите сили на терен, како што нагласи, работат со цел пожарот да биде намален и ставен под контрола. Дополнителен проблем претставувал ветерот, кој може да влијае врз ширењето на огнот и да ја отежни интервенцијата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-libraryjsed16rgpq2b6KkhoX5

Пожарите беснееја низ земјава, спасени куќи во Чаниште и загрозен манастир кај Туденце

Македонија | пред 23 часа

media-libraryn7c6cn7s8ihr470hy9X

29 пожари за еден ден, шест се уште активни – „Доволна е само искра за вистинска катастрофа“, вели Ангелов

Македонија | пред 2 дена

media-librarykdvod7nsaang94ZKDdJ

Пожарите во Пелагонија ставени под контрола, денеска регистрирани уште 10 нови жаришта

Македонија | пред 4 дена

media-library80ut1svb25vc0HZ0iWD

Шест активни пожари беснеат низ земјава, два се под контрола

Македонија | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања