Промени тема
Контакт

Пратениците наплаќаат патни трошоци од државата како да возат на керозин, рече Трендафилов

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Македонија
media-libraryl1083lv7ltsp4mX29zz

Денеска точно во 9 часот, работниците предводени од ССМ ги блокираа приодите кон паркингот на Собранието за да не може пратениците со возила да дојдат на работа, и да не може да наплатат тој ден патни трошоци.

„Добро утро на сите освен на пратениците. Зошто освен на пратениците? Затоа што 2 години го блокираа предлогот на ССМ за зголемување на работничките плати, или за зголемување на минималната плата и зголемување на сите плати за најмалку 6000 денари. Како што им ветивме, денеска по 21 човек на две локации ќе ги блокираме да не можат да дојдат до сопствените возила на работа со кои што идат, да не можат да наплатат трошоци за превоз како да трошат керозин и ќе мора да дојдат пешки или со јавен градски превоз. Моите информации се дека голем дел на пратеници станале рано утринава за да дојдат пред 9 часот на работа за да не се соочат со работниците на улица затоа што се срамат од своите гласачи затоа што одбиваат да ја зголемат работничката плата, а од друга страна пратеничката плата ќе се зголеми не само за 9,2%, туку и за 12,6%. Тука сме за да ги блокираме и да им покажеме дека нечовечки се однесуваат кон работниците, особено затоа што ги слушавме изјавите на работниците кои жестоко ги браниеа своите плати, кои жестоко ги бранеа своите патни трошоци кои ги имаат како право а сме им го дале ние работниците, а не го оцвозможуват како такво на работниците и затоа првата дестинација е токму тука.“.

— реклама —
— реклама —

Тој посочи дека без големи протести, блокади на институциите ќе продолжат, а за тоа согасно законот, потребни се само 21 работник.

— реклама —

„Денеска не смеат да наплатат патни тошоци, не смеат да наплатат патни тршоци онака како што наплаќаат во висина над 14 милини денари во претходната година, или како што имаме рекордери кои наплатиле над 10.000 евра за една година доаѓање на работа, нешто што работниците го немаат како право. Ќе се обратиме и до претседателот на собранието да не извести кој е тој алчен пратеник кој за денешниот ден ќе наплати 100, 150 или 200 евра затоа што доаѓа на работа“, вели Трендафилов

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

k15

Над 84 илјади денари за основен живот: Киријата драстично го зголемува семејниот буџет

Македонија | пред 3 дена

SSM-696x419

Синдикатите бараат ограничување на работата на отворено поради високите температури

Македонија | пред 2 седмици

market-pari

„И покрај малото намалување на минималната кошница, животот и натаму чини речиси 68.500 денари месечно“, велат од ССМ

Македонија | пред 1 месец

Screenshot-2025-04-23-at-13.09.10

Наместо пензија, ќе работиме до крајот на животот?, прашува Трендафилов и бара пензија по 40 години стаж за мажи и 35 за жени

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања