Промени тема
Контакт

Пред средбата со Си, Трамп доби барање: Не дозволувајте влез на кинеските автомобили

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Свет
media-library8ekf8jkntg25a9IMKVn

Најголемите американски и светски производители на автомобили, заедно со добавувачите и трговците, побараа од американскиот претседател Доналд Трамп да ја задржи политиката со која на кинеските автомобилски компании им се ограничува пристапот до пазарот во САД.

Апелот е упатен во пресрет на најавената средба меѓу Трамп и кинескиот претседател Си Џинпинг следната недела, објави „Ројтерс“. Барањето доаѓа откако Трамп минатата недела за „Фокс њуз“ изјави дека не гледа проблем во тоа кинеските автомобилски компании да отворат производствени погони во САД.

— реклама —

Во писмото, потпишано од шест здруженија што ги претставуваат компании како General Motors, Toyota, Volkswagen, Ford, Hyundai, Stellantis и Tesla, се бара американската администрација да ја задржи политиката со која на кинеските производители им се оневозможува продажба, увоз или производство на возила во САД.

Здруженијата предупредуваат дека кинеските производители во моментов немаат удел на американскиот пазар, но дека отворањето производствени погони во земјата би можело да им овозможи полесно да влезат на пазарот и да создадат поголем притисок врз производителите кои веќе работат во САД.

— реклама —

Во писмото се наведува и дека кинеските инвестиции, според ставот на здруженијата, не би создале нови работни места, туку би ги пренасочиле работните места од компании кои со децении инвестираат во американската економија кон компании во кинеска сопственост и под управување на кинеската влада.

— реклама —

На можноста кинескиот претседател Си Џинпинг во Вашингтон да допатува и со претставници на кинескиот производител BYD реагираше и демократската сенаторка од Мичиген, Елиса Слоткин. Таа изјави дека тоа би можело да значи дека се подготвуваат договори за увоз на кинески автомобили или дека кинески компании би можеле да добијат можност да започнат производство во САД.

Вашингтон веќе има строги ограничувања за кинеските автомобили. На почетокот на 2025 година, администрацијата на поранешниот претседател Џо Бајден воведе правила со кои речиси целосно се забранува продажбата и производството на кинески патнички возила во САД.

Како причина беа наведени ризиците поврзани со собирањето чувствителни податоци од возилата и нивното можно пренесување во Кина. САД, исто така, применуваат царини повисоки од 100 отсто за кинеските електрични возила.

Во Конгресот во моментов се разгледува и закон со кој дополнително би се заостриле правилата за кинеските возила. Ограничувањата опфаќаат технологии како Bluetooth, Wi-Fi, мобилни мрежи и сателитски комуникации, поради стравувањата дека возилата би можеле да собираат чувствителни податоци за американските сопственици.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library3uu5pn10bdbl0OoSSYU

(Видео) Пекинг отвори воена база во Лаос, на локација што некогаш ја користела американската ЦИА

Свет | пред 4 дена

— реклама —
media-library3vpfth01mcl61IhxLif

Кинески лекари намалиле голем тумор кај неродено бебе со микробранова енергија

Свет | пред 5 дена

media-librarymh2toifnf0j7bvpq3IM

Кина извлече нафта од длабочина од 8.080 метри под пустината

Свет | пред 6 дена

media-libraryei470e6nhq277knADVN

Кинезите доминираат со батериите за електрични возила: Држат 73,3 отсто од светскиот пазар

Свет | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања