Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Преговорите меѓу САД и Иран без напредок, цените на нафтата растат

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Свет
873x400-1-16

Барел сурова нафта од типот „Брент“ поскапе за околу четири проценти, откако повторно ослабнаа надежите за мирно решавање на кризата меѓу Иран и САД.

Цената на нафтата сега се движи околу 105 долари за барел, што е највисоко ниво од средината на минатата недела.

— реклама —

Иако за време на најжестоките тензии цената во одредени моменти надмина и 120 долари за барел, најновиот раст покажува дека пазарот и натаму е исклучително чувствителен на секоја негативна вест поврзана со преговорите.

Аналитичарите предупредуваат дека високите цени на нафтата веќе со месеци директно влијаат врз секојдневниот живот на граѓаните, преку повисоки сметки за енергија, но и преку поскапување на основните производи поради растечките транспортни и производствени трошоци.

— реклама —

Според експертите, цените би можеле дополнително да растат доколку не се најде трајно решение за кризата во Персискиот Залив, а дипломатските напори засега не даваат резултати.

— реклама —

Најновиот бран поскапувања следуваше откако Иран го одби американскиот план за завршување на конфликтот.

Американскиот претседател Доналд Трамп реагираше на својата социјална мрежа, оценувајќи дека иранскиот контрапредлог, испратен до Вашингтон, е „целосно неприфатлив“.

— реклама —

Иако деталите од понудите не се јавно објавени, јасно е дека двете страни сè уште се далеку од компромис.

Додека преговорите остануваат без напредок, светските пазари продолжуваат бурно да реагираат на секоја најава за можна ескалација на конфликтот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library753l9u9pj4g359nNunx

САД депортирале рекордни 483.200 лица во една година

Свет | пред 15 часа

— реклама —
media-library0macachlreevcFQIboH

Едно лице загина, неколкумина повредени во вооружен инцидент во Вашингтон

Свет | пред 1 ден

media-libraryjngat4htm0qgb8aVxjx

Инфлацијата во САД ги тресе светските берзи, ФЕД може да ги зголеми каматите

Свет | пред 2 дена

media-library2ok69b4epfng3E052fo

Американски воен офицер уапсен во Велика Британија под сомнение за шпионажа во корист на Русија

Свет | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања