Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Премиерот итно да го дисциплинира министерот за правда – граѓаните бараат ефикасност, а не партиски прес-конференции на државен трошок , велат од ЛДП

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Македонија
Monika-Zajkova

Либерално-демократската партија (ЛДП) реагираше на вчерашната прес-конференција на министерот за правда, оценувајќи дека наместо информирање за реформските процеси, јавниот настап бил искористен за политички пораки и критики кон опозицијата.

— реклама —

Од партијата наведуваат дека нивниот претставник во работната група за Изборниот законик, Дејанчо Цветановски, бил сведок на, како што велат, изнесување ставови кои не биле усогласени со работната група, туку претставувале личен или партиски пристап на министерот.

— реклама —

ЛДП бара итна реакција од премиерот, оценувајќи дека е потребно укажување и дисциплинирање на министерот за правда поради, како што наведуваат, недолично користење на институционалната позиција.

— реклама —

Во реакцијата се посочува и потреба од преиспитување на довербата кон министерот поради доцнење на реформската агенда, при што од ЛДП предупредуваат на ризик од губење на средства од европските фондови.

— реклама —

Партијата додава дека Министерството за правда не смее да функционира како партиска платформа и дека е неопходен поширок и инклузивен пристап во спроведувањето на реформите, со цел враќање на довербата во правниот систем.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarypebqacof1jeedQ6yNLf

ЛДП до Мицкоски: Изменете го Кривичниот законик веднаш, имате можност и наша поддршка

Македонија | пред 17 часа

— реклама —
media-librarytck1r2s80ntj6kkhEBq

ЛДП: Хаос, пиши-бриши и институционално лудило - добиваме нови шлаканици од ЕУ додека власта секој ден ги менува законите зад грбот на народот!

Македонија | пред 1 ден

media-library2bg79bitcebr989lcH7

ЛДП: 10.000 граѓани побараа заштита, Собранието мора веднаш да реагира!

Македонија | пред 3 дена

media-library2bg79bitcebr989lcH7

Зајкова објави петиција за воведување електронски нараквици за следење на насилниците

Македонија | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања