Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Преживеа две смртоносни инјекции, осудената Американка првпат проговори за хоророт во затворот: „Ниту еден момент не помина без болка“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Свет
media-library8s88kcp0aes58iSDhJ8

Американката Криста Пајк (50), осудена на смрт за бруталното убиство на 19-годишната Колин Слемер, првпат јавно проговори откако во септември преживеа неуспешно погубување со смртоносна инјекција во сојузната држава Тенеси, САД. Таа открива дека и еден месец по инцидентот сè уште трпи силни физички и психички последици.

„Ниту еден момент од таа ноќ не помина без да чувствувам болка. Ме болат телото, рацете, дланките и грлото. Сè уште тешко зборувам. Но болката не е само физичка; ја чувствувам и во умот и во душата“, наведува Пајк во изјавата што ја објавија нејзините адвокати.

Погубувањето било закажано за 30 септември, но Пајк преживеала и по две дози пентобарбитал, лек што се користи при извршување на смртни казни. По прекинувањето на постапката била пренесена во болница во критична состојба.

— реклама —

Таа раскажува дека во просторијата за погубување влегла убедена дека ќе умре и дека се обидела да се помири со судбината. Наместо тоа, неколку дена подоцна се разбудила во болница, збунета и без да знае каде се наоѓа или што се случило.

Пајк се освестила на 6 октомври, по неколкудневна несвест и лекување со помош на респиратор. За време на закрепнувањето имала сериозни повреди на рацете, отоци, воспаление на белите дробови и крвен згруток. Во почетокот не можела да голта ниту самостојно да ги движи рацете. Од болницата била отпуштена на 10 октомври и вратена во затвор, каде што продолжила да добива медицинска нега.

— реклама —

Точната причина за неуспешното погубување сè уште не е утврдена. Медицински стручњаци предупредиле дека иглите можеби не биле правилно поставени, поради што лекот наместо во крвотокот можел да навлезе во ткивото на рацете. Нејзините адвокати тврдат дека персоналот повеќепати се обидувал да ги постави иглите, но проблемот не бил навреме забележан.

Судот наредил да се зачуваат сите докази поврзани со постапката, вклучувајќи ги шприцовите, медицинската опрема, остатоците од лековите и комуникацијата меѓу персоналот.

По инцидентот, гувернерот на Тенеси, Бил Ли, ги запрел преостанатите погубувања планирани за оваа година и наредил независна истрага. Оставка поднел и раководителот на затворскиот систем во сојузната држава.

— реклама —

Според организацијата „Информативен центар за смртна казна“, Пајк е првата позната личност која преживеала погубување откако веќе ѝ биле дадени лекови за смртоносна инјекција.

Таа била осудена за убиството на 19-годишната Колин Слемер, извршено во јануари 1995 година во Ноксвил, Тенеси. Пајк тогаш имала 18 години, а заедно со други лица ја намамила девојката на изолирано место, каде што таа била брутално претепана, мачена и избодена со нож. Во 1996 година Пајк била осудена на смрт и оттогаш се наоѓа во затвор.

Во времето кога требало да биде погубена, таа била единствената жена осудена на смрт во Тенеси. Доколку постапката била успешно извршена, ќе станела првата жена погубена во таа сојузна држава по повеќе од 200 години.

По неуспешниот обид, нејзините адвокати побарале смртната казна да ѝ биде заменета со доживотен затвор без можност за условно ослободување. Тие сметаат дека нов обид за погубување, по претрпените повреди и страдања, би претставувал сурово и невообичаено казнување, забрането со американскиот Устав.

Властите во Тенеси засега не соопштиле дали ќе има нов обид за извршување на смртната казна. Пајк во својата изјава вели дека не знае што ја очекува, но се обидува да закрепнува од ден на ден.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library8s88kcp0aes58iSDhJ8

Криста Пајк се разбуди по неуспешната егзекуција: Сега оди, но има сериозни здравствени проблеми

Свет | пред 3 седмици

— реклама —
media-library8s88kcp0aes58iSDhJ8

Криста Пајк ја преживеа егзекуцијата, мајката на жртвата: „Губам надеж дека ќе ја погубат“

Свет | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања