Промени тема
Контакт

Пристигна првата реакција на ЕУ за пресвртот на Трамп за тарифите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Свет
ursula-1

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денеска ја поздрави одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да ги паузира „реципрочните“ царини на 90 дена, нагласувајќи дека ЕУ останува посветена на конструктивни преговори со САД, со цел да се постигне непречена и заемно корисна трговија.

„Ја поздравувам најавата на претседателот Трамп за паузирање на реципрочните царини. Тоа е важен чекор кон стабилизирање на глобалната економија“, рече фон дер Лајен во изјавата објавена од Комисијата.

Претседателката на Комисијата ја повторува подготвеноста за преговори и нулта царинска стапка меѓу ЕУ и САД.

„Тарифите се даноци кои само им штетат на компаниите и потрошувачите. Затоа отсекогаш сум се залагал за договор за нула царини меѓу Европската унија и САД“, вели Фон дер Лајен.

— реклама —

Таа додаде дека ЕУ ќе продолжи да се труди да ги диверзифицира своите трговски партнерства со земјите кои сочинуваат 87 отсто од глобалната трговија и кои ја делат истата посветеност на слободна и отворена размена на стоки, услуги и идеи.

— реклама —

Таа најави дека Комисијата ќе ги засили напорите за отстранување на пречките на единствениот пазар. „Оваа криза јасно стави до знаење: во време на неизвесност, единствениот пазар е нашето сидро на стабилност и издржливост.

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави во средата дека ќе ги паузира реципрочните царини на 90 дена и дека дополнително ќе ги зголеми царините за увоз од Кина.

— реклама —

Ненадејната промена се случи помалку од 24 часа откако стапија на сила новите американски царини за увоз од десетици земји, трговски партнери на Соединетите Американски Држави.

Според економските аналитичари во САД, Трамп направи пресврт откако пазарот на обврзници беше разнишан. Приносите на 30-годишните и 10-годишните државни трезори на САД се зголемија, доведувајќи ја во прашање одржливоста на долгот на САД.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

raketa

Европската ракета за вселената стана хит, ја нарача и Амазон

Свет | пред 1 ден

— реклама —
media-libraryg65gl6mol4o9cKY61DX

Брисел испраќа 114,7 милиони евра за справување со мигрантската криза во Сеута

Свет | пред 1 ден

media-librarypffsujuo64vi54qnO41

19 отсто од становите во Загреб се празни – Брисел предлага нови правила за домувањето

Свет | пред 1 ден

ursula-1

ЕУ му дава 200 милиони евра на Гренланд: „Мора да остане со Европа, а не со САД“

Свет | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања