Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Продолжена нафтената криза поради нестабилност на глобалниот пазар

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Македонија
benzinska-benzin-nafta-

Собранието на Република Македонија ја продолжи кризната состојба до 20 јули 2026 година, поради глобалните ризици во снабдувањето со нафта и енергетската нестабилност предизвикана од кризата на Блискиот Исток.

Одлуката е донесена на денешната пленарна седница, а претходно беше поддржана и од Комисијата за одбрана и безбедност. Таа предвидува продолжување на кризната состојба на целата територија на државата, со примена што започнува на 21 април 2024 година, веднаш по објавувањето во „Службен весник“.

— реклама —

Во образложението се наведува дека мерката е резултат на влошената меѓународна безбедносна и енергетска состојба, како и на нарушувањата во транспортот на сурова нафта, особено преку Ормускиот теснец.

Со цел ублажување на последиците од кризата, Владата досега спроведе повеќе мерки, меѓу кои намалување на данокот на додадена вредност за енергентите и намалување на акцизите за дизел горивото и безоловниот бензин. Според надлежните, овие мерки се насочени кон зачувување на животниот стандард на граѓаните и обезбедување стабилно снабдување.

— реклама —

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски изјави дека во моментов во земјата нема застој во снабдувањето со гориво и дека цените се меѓу најниските во регионот.

— реклама —

Тој истакна дека скопскиот и охридскиот аеродром редовно функционираат, а приштинскиот аеродром исто така се снабдува со гориво преку македонски добавувачи.

„Успеавме кризата да ја амортизираме во рамките на можностите“, изјави Николоски, додавајќи дека има зголемена потрошувачка на керозин на двата домашни аеродроми.

— реклама —

Тој информираше дека државата располага со резерви на керозин за 90 дена, над законски предвидените 60 дена, и дека резервите постојано се надополнуваат. Според него, нема откажани летови од скопскиот и охридскиот аеродром.

Николоски овие информации ги изнесе пред средба со стопанственици од Пелагонискиот регион.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

nafta

Нафтата со најголем неделен пад од 2020 година, „брент“ се спушти под 91 долар

Свет | пред 4 дена

— реклама —
media-library5gnfl5n1c3gm8Xbol2C

Цените на нафтата се намалија по стравувањата од ескалација на Блискиот Исток

Свет | пред 1 седмица

evra

Скапата нафта и храната ја најавуваат 2027 како уште една година на високи трошоци за живот

Свет | пред 2 седмици

nafta-mazut

Нафтата поевтини: „Брент“ падна под 115 долари за барел

Свет | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања