Промовирана веб страницата на Комисијата за паричен надоместок на жртви од кривично дело со насилство

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
podadena-raka

Со цел полесен пристап и транспарентност во работењето на Комисијата, со помош и поддршка од Мисијата на ОБСЕ во Скопје изработена е веб страница, која ќе служи како основа за промовирање на правото на надоместок меѓу жртвите, институциите и јавноста.

— реклама —

Веб страницата на Комисијата за паричен надоместок на жртви од кривично дело со насилство е достапна на следниот ЛИНК

— реклама —

Комисијата за паричен надоместок на жртви од кривично дело со насилство е новоформиран независен правен субјект кој одлучува за правото на паричен надоместок и за определување на видот и висината на паричниот надоместок на жртвите од кривично дело со насилство.

— реклама —

Формирана е согласно Законот за исплата на паричен надоместок на жртви од кривични дела со насилство чија цел е да се обезбеди паричен надоместок за жртвите, како помош од страна на државата, согласно со начелото на општествена солидарност и да се спречи секундарна виктимизација како дополнително страдање што жртвите можат да го претрпат од односот на надлежните органи.

Во изминатиот период, Комисијата постигна значителен напредок, вклучувајќи го правниот легитимитет за постапување како независно тело усвојувајќи го Деловникот за работа и процедурата за поднесување барања за паричен надоместок, што претставува важен чекор кон олеснување на пристапот до правда на жртвите од кривично дело со насилство, известуваат од Министерството за правда.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryqs0vufp0pi29bgeioHb

Министерот за правда: Случајот со заѕиданите 350 илјади евра е симбол на неказнивост

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryseefj96vaosf5uMGF7e

„Кодошат низ Брисел, по локалните ќе добиеме обвинители и судии кои работат според закон“ – Мицкоски со жестоки критики

Македонија | пред 4 месеци

alen

Мајка на починат 25-годишен скопјанец бара правда: „Ако нема правда, јас ќе пресудам“

Скопје | пред 5 месеци

filkovsd-2

Судскиот совет со нови правила – јасни критериуми и јавни постапки за избор и разрешување

Македонија | пред 7 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања