Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Протести во Чешка, Германија и Италија поради медиумите, депортациите и високите трошоци за живот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 седмици -

Свет
media-libraryugrhcai2u4sk6Z7vcmy

Протести поради финансирањето на јавните медиуми, депортациите и зголемените трошоци за живот денеска се одржаа во повеќе европски земји. Во Чешка, илјадници граѓани се спротивставија на промените во финансирањето на јавниот сервис, во Германија се протестираше против депортациите во Авганистан, додека во Италија антивоените собири во некои градови прераснаа во тензии и судири со полицијата.

— реклама —

Во Чешка, илјадници луѓе се собраа во Брно и во други градови против предлогот за укинување на претплатата за Чешката телевизија и Чешкото радио, со што нивното финансирање би се префрлило во државниот буџет. Демонстрантите предупредија дека ваквата промена може да ја загрози независноста на јавните медиуми. Владејачката коалиција, пак, смета дека реформата е оправдана. Протести имаше и во Прага, каде што полицијата спречила група демонстранти да влезе во парламентот.

— реклама —

Во Германија, стотици луѓе протестираа на аеродромите во Лајпциг, Франкфурт, Берлин, Келн и Дизелдорф против депортациите во Авганистан, притворањето на мигрантите и соработката на германската влада со талибанските власти. Демонстрантите се спротивставија на враќањето на лицата чии барања за азил биле одбиени.

— реклама —

Во Италија, антивоениот марш во Рим заврши без поголеми инциденти, но во други градови беа забележани тензии. Најнапната ситуација била во Торино, каде што неколку илјади демонстранти се собрале на плоштадот Кастело. Полицијата употребила штитови и палки за да ги спречи да се упатат кон улицата Виа По, а потоа ги потиснала кон друг дел од градот.

— реклама —

Во Милано, околу 200 луѓе, главно студенти, протестираа со палестински знамиња и транспаренти против владата на премиерката Џорџа Мелони. Собирот дотогаш се одвивал мирно, додека полицијата формирала кордон. Во меѓувреме, неколку млади луѓе биле приведени на различни локации во градот, но не е потврдено дека приведувањата се поврзани со протестите.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarybduht2vmm23q42x82L9

Четврти викенд протести во Франција: Се намалува бројот на демонстранти

Свет | пред 6 дена

— реклама —
media-libraryq6cuukg08r04b9uIbnX

Протестите на Генерацијата зет се шират низ Европа, следниот викенд на ред е Холандија

Свет | пред 1 седмица

media-libraryps57pl6qctob3qDjicW

(Видео) Макрон на мета на демонстрантите: Со меч и тава удираа во фигура со неговиот лик

Свет | пред 1 седмица

media-library6m420qdu9g5u1tRMJWH

(Видео) Протестите против скапото домување ескалираа во Португалија: Полицијата влезе во кампот и ги растера демонстрантите

Свет | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања