Промени тема
Контакт

Прва официјална посета на швајцарски претседател во земјава – потврдено партнерството

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
media-libraryhlv0v0m2od248Sp25Pl

Започна официјалната посета на претседателот на Швајцарската Конфедерација, Ги Пармелан, кој денеска престојува во Република Македонија.

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го пречека швајцарскиот претседател со највисоки државни и воени почести, по што се одржа тет-а-тет средба меѓу двајцата претседатели. Потоа следеше пленарен состанок на македонската и швајцарската делегација.

— реклама —

Во рамки на разговорите беа разгледани севкупните билатерални односи, при што беше оценето дека тридецениската соработка меѓу двете држави е пријателска, стабилна и продуктивна.

— реклама —

Претседателката Сиљановска-Давкова изрази благодарност за континуираната поддршка од Швајцарија во процесот на евроинтеграциите на земјава, како и за значајната поддршка преку донации во повеќе клучни области, меѓу кои владеењето на правото, јакнењето на демократските институции, транзицијата кон зелена и обновлива енергија и заштитата на природните ресурси, особено водата.

— реклама —

Таа истакна задоволство од реализацијата на првата официјална посета на швајцарски претседател на земјава, нагласувајќи дека со тоа се потврдува и дополнително зацврстува партнерството меѓу двете држави.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

Vila-Vodno

Сиљановска-Давкова ќе ги прими талентираните ученици по повод 35 години независност

Македонија | пред 2 седмици

— реклама —
media-librarykqkk9dv389dnblcdXqz

Средба на претседателката Сиљановска-Давкова со добитниците на признанието „Инженерски прстен“

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryncsau0cgb2rgbD77LPH

„Пензионирањето не е крај на активниот живот, туку нова можност за мудроста и искуството“, вели Сиљановска-Давкова

Македонија | пред 3 седмици

media-library1vjilcuthrnn5p0UpKV

Сиљановска-Давкова: Училиштето нека биде место каде што ќе стекнувате знаење, негувате почит, развивате другарство

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања