Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Пуштен во употреба новиот кружен тек на Северен Булевар во Кавадарци

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-libraryhp0q1d63vj81ecL219J

Кавадарци доби ново сообраќајно решение на Северен Булевар, во непосредна близина на објектот на Lidl. Новиот кружен тек денеска беше пуштен во употреба, со што се очекува да се подобри сообраќајната поврзаност и да се овозможи побезбедно и полесно движење во овој дел од градот.

— реклама —

Инфраструктурниот проект е реализиран преку соработка меѓу Општина Кавадарци и Lidl, со поддршка и ангажман на локални компании.

— реклама —

На пуштањето во употреба свои изјави за медиумите дадоа градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, и директорот за недвижнини во Lidl, Гоце Гаврилов. Тие ја истакнаа важноста на соработката меѓу локалната самоуправа и приватниот сектор, како и значењето на проектот за унапредување на инфраструктурата и подобрување на условите за граѓаните.

— реклама —

Со реализацијата на кружниот тек, Кавадарци добива уште едно современо инфраструктурно решение, а соработката меѓу Општината и приватниот сектор е претставена како пример за заедничко вложување во развојот на градот.

Од Општина Кавадарци посочуваат дека градот продолжува да се развива преку нови инвестиции, подобрување на инфраструктурата и партнерства насочени кон интересите на граѓаните.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryb7q6pbsudvp59wTvOWe

Во училишните дворови во Кавадарци поставени контејнери за текстилен и електронски отпад

Македонија | пред 2 дена

— реклама —
media-libraryund8l8aj0d9ffZ9yMt9

Општина Кавадарци осветлена во розово во знак на поддршка на кампањата „Розов октомври“

Македонија | пред 3 дена

media-librarypd0ds82nggql4tWvIkt

Нов спортски под, осветлување и греење – спортската сала во кавадаречката гимназија добива нов изглед

Македонија | пред 3 дена

media-libraryu91o4ipl2b3t1nqqQIy

(Видео) Го спасиле коњот од изнемоштеност, но повторно го земале истите лица - активисти од Кавадарци бараат институционална реакција

Македонија | пред 6 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања