Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Трифун Костовски: Нова партија, пропадната банка, масонство, старите пресметки
„Претрес“ на Трифун Костовски: Нова партија, пропадната банка, масонство, старите пресметки

Путин: „Она што Трамп го најави е е сериозно, принудени сме да реагираме

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Свет
tramp-putin

Русија располага со најсовремена нуклеарна тријада во светот, изјави во средата портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Тој нагласи дека е направена огромна работа за да се гарантира сигурноста на земјата, пренесува агенцијата ТАСС (TASS).

— реклама —

„Нашата нуклеарна тријада е обновена. Тоа е, всушност, најновата нуклеарна тријада во светот. Направена е голема работа за сигурно да се обезбеди нашата безбедност,“ изјави Песков пред новинарите.

Путин наложи анализа на можни подготовки за нуклеарни тестирања

Претседателот на Русија, Владимир Путин, претходно денеска разговарал со постојаните членови на Советот за безбедност за тоа како Москва треба да одговори на американските нуклеарни вежби одржани во октомври.

— реклама —

Според рускиот министер за одбрана Андреј Белоусов, вежбата опфаќала симулација на превентивен ракетно-нуклеарен напад врз Русија, а САД воедно планираат да распоредат ракети во Европа и азиско-пацифичкиот регион, кои би можеле да стигнат до централна Русија за шест до седум минути.

Путин изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп за обновување на нуклеарните тестирања ги нарече сериозни, потенцирајќи дека Русија ќе биде принудена да реагира доколку која било држава-потписничка на Договорот за целосна забрана на нуклеарни тестирања повторно ги започне. Тој нагласи дека Москва нема намера да се повлече од договорот, но ќе делува „соодветно“ ако другите го прекршат.

Путин му наложил на Советот за безбедност да собере информации, да ја анализира ситуацијата и да подготви предлог за можен почеток на руските подготовки за нуклеарни тестирања.

Белоусов смета дека Русија треба веднаш да започне со подготовки за тестирања во целосен обем и предупреди дека САД активно го зголемуваат своето стратешко офанзивно вооружување.

Директорот на ФСБ, Александар Бортников, побарал дополнително време за изработка на предлозите, наведувајќи дека ситуацијата е „многу сложена“.

Во исто време, Вашингтон денеска спроведе тестно лансирање на невооружена интерконтинентална балистичка ракета „Минитмен III“ (Minuteman III) од базата Ванденберг во Калифорнија, напоменаа руските власти.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryb521vis21qi88JhzpeQ

Путин откри што би рекол по потпишување мировен договор со Киев

Свет | пред 18 часа

— реклама —
media-libraryb521vis21qi88JhzpeQ

Путин нареди постојан надзор на развојот на арктичката зона

Свет | пред 4 дена

media-librarya1be4hmuknmef73E93U

Путин: Војната во Украина се приближува кон крајот, подготвени сме за преговори

Свет | пред 6 дена

media-libraryqu5iqg9edm6h7yNTsBe

Хоџис: „Путин нема да ја запре војната – знае дека би бил убиен“

Свет | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања