Промени тема
Контакт

Путин тврди дека „војната во Украина се приближува кон крај“ – можно е да се сретне со Зеленски, ама тој не иницира

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Свет
media-library0j96olh9324mbhRLlbi

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека војната во Украина „се приближува кон крај“, а во исто време остави отворена можност за директна средба со украинскиот претседател Володимир Зеленски – но без да ја иницира самиот.

На прес-конференција во Москва, Путин рече дека не предложил средба со Зеленски, но нагласи дека не ја отфрла таквата опција. Според неговите зборови, доколку некој ја покрене идејата, тогаш „кој сака да се сретне, нека дојде во Москва“.

— реклама —

Во изјавата се осврна и на наводна порака што му била пренесена од словачкиот премиер Роберт Фицо, кој, како што тврди Путин, изразил дека Зеленски е подготвен за личен разговор. Рускиот претседател додаде дека тоа не е првпат да се слушне ваква подготвеност, но не изнесе дополнителни детали за евентуални услови или агенда.

Путин зборуваше и за улогата на САД, оценувајќи дека американскиот претседател Доналд Трамп и неговата администрација „искрено тежнеат кон решение“, бидејќи, како што наведе, на Вашингтон „не му е потребен“ продолжен конфликт.

— реклама —

На прашање кого би сакал да го види како посредник во дијалогот меѓу Русија и Европа, Путин изјави дека најмногу би сакал тоа да биде поранешниот германски канцелар Герхард Шредер.

— реклама —

Рускиот лидер се осврна и на присуството на странски гости во Москва на 9 мај, наведувајќи дека Русија „не повикала никого официјално“, но испратила порака дека ќе ги поздрави оние што ќе дојдат, додавајќи дека нивното доаѓање го смета за чин што заслужува почит.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryb521vis21qi88JhzpeQ

Партијата на Путин со убедливо водство на парламентарните избори во Русија

Свет | пред 1 час

— реклама —
media-libraryabpnnkvkudne1DUDhMZ

Москва пријави илјадници сајбер-напади за време на парламентарните избори

Свет | пред 14 часа

media-libraryal7tn11j3fht2MfVpaw

Расте загриженоста во Европа од можни руски напади врз НАТО: Се спомнуваат дронови, проектили и саботажи

Свет | пред 15 часа

media-libraryh6lpk7rjt4rkenrhsf3

Фицо: Некои западни политичари сакаат да предизвикаат војна меѓу Русија и НАТО

Свет | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања