Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Пзарна изрече 124 казни за една недела - најмногу прекршоци во трговијата и финансиската дисциплина

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 9 часа -

Македонија
pazaren-inspektorat-1200x1200

Државниот пазарен инспекторат во периодот од 13.04.2026 до 19.04.2026 година спровел вкупно 509 инспекциски надзори на територијата на целата држава, при што се изречени 124 прекршочни платни налози во вкупна вредност од над 3.589.801 денари.

Надзори и санкции се реализирани по повеќе закони, меѓу кои Законот за трговија, Законот за заштита од пушење, Законот за угостителска дејност, Законот за заштита на потрошувачи, Законот за занаетчиство, Законот за финансиска дисциплина, како и други релевантни законски прописи.

— реклама —

Најголем број надзори се спроведени согласно Законот за трговија (166 надзори), по што следуваат Законот за финансиска дисциплина (107 надзори) и Законот за угостителска дејност (49 надзори). Најголем број прекршочни платни налози се изречени токму по Законот за трговија и Законот за финансиска дисциплина.

Дополнително, изречени се 43 опомени, за кои во наредниот период ќе се спроведат контролни надзори.

— реклама —

Од Инспекторатот информираат дека постапуваат континуирано, како по сопствени планови, така и по пријави од граѓани и институции, со цел доследна примена на законската регулатива.

Граѓаните неправилности можат да пријават на телефон 191 или преку веб-страницата www.dpi.gov.mk

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

pazaren-inspektorat-1200x1200

523 контроли за една недела: Пазарна изрече казни од над 2,8 милиони денари

Македонија | пред 2 седмици

— реклама —
pazaren-inspektorat-1200x1200

ДПИ изрече 83 казни од над 2,5 милиони денари за една недела – најмногу за финансиска дисциплина, пушење и угостителство

Македонија | пред 4 седмици

pazaren-inspektorat-1200x1200

Инспекторатот со засилени контроли низ државата: Над 100 казни за една недела од речиси 3 милиони денари

Македонија | пред 1 месец

media-libraryjpqdu27u3gsedjQF6bO

Пазарна за една недела изврши 492 надзори, изречени 89 казни во вредност од над 2,9 милиони денари

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања