Промени тема
За нас
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев

Инспекторатот со засилени контроли низ државата: Над 100 казни за една недела од речиси 3 милиони денари

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 ден -

Македонија
pazaren-inspektorat-1200x1200

Во периодот од 9 до 15 март 2026 година, Државниот пазарен инспекторат спроведе вкупно 429 инспекциски надзори на територијата на државата, при што се издадени 105 прекршочни платни налози во вкупна вредност од над 2,99 милиони денари.

— реклама —

Најголем број прекршоци се евидентирани согласно Законот за финансиска дисциплина, каде од 86 извршени контроли биле издадени дури 51 прекршочен налог.

Според податоците, по Законот за трговија биле извршени 183 надзори со 17 казни, додека кај угостителската дејност од 47 контроли биле изречени 23 прекршочни налози.

— реклама —

Во однос на другите области, инспекторите спровеле 32 надзори за заштита на потрошувачите со 2 казни, 33 контроли во занаетчиството со 1 казна, како и 19 контроли за забрана на пушење со 2 прекршочни налози.

Дополнително, биле извршени и надзори во делот на метрологијата (5 контроли со 7 казни), инспекциски надзор (2 контроли со 2 казни), како и други области каде не се утврдени прекршоци.

Инспекторатот изрекол и 23 опомени, по што во наредниот период ќе следуваат контролни проверки.

Од Инспекторатот информираат дека продолжуваат со засилени контроли низ државата, како дел од редовните активности и постапување по пријави од граѓани и институции. Воедно, апелираат граѓаните да пријавуваат неправилности на телефонскиот број 191 или преку нивната веб-страница.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryjpqdu27u3gsedjQF6bO

Пазарна за една недела изврши 492 надзори, изречени 89 казни во вредност од над 2,9 милиони денари

Македонија | пред 1 седмица

media-library0av8mg16bvh6dVzxC7V

Не е утврдено криење на гориво на бензинските станици, туку недостинг, констатирале пазарните инспектори

Македонија | пред 1 седмица

eZy-Watermark_01-10-2023_05-26-28-1040PM

Нема енормно зголемување на цените во маркетите, а ако има, следуваат ригорозни мерки, најави министерот за економија

Македонија | пред 10 месеци

market-pari

Маркетите и аптеките од петок мораат да ги објавуваат цените онлајн

Македонија | пред 11 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања