Во периодот од 2 до 8 март 2026 година, Државниот пазарен инспекторат изврши вкупно 492 инспекциски надзори низ целата територија на државата. По спроведените контроли, издадени се 89 прекршочни платни налози во вкупна вредност од над 2.944.525 денари.
Најголем број платни налози се издадени по Законот за финансиска дисциплина – 50, по Закон за угостителска дејност – 8, по Закон за трговија – 13, како и по Законот за метрологија и инспекциски надзор – по 4 платни налози. За останатите закони, во некои случаи беа изречени опомени или не беа утврдени прекршоци.
Инспекторатот истакнува дека надзорите се спроведуваат континуирано и во согласност со законите и плановите за работа, а дополнително се постапува и по пријави од граѓани и институции. Во наредниот период, врз основа на изречените 20 опомени, ќе следуваат контролни надзори. Целта е да се обезбеди доследно почитување на законската регулатива и заштита на правата на граѓаните“, информираат од ДПИ.