„Претрес“ на Богдан Илиевски: 27 април, амнестијата, ВМРО, Алфа, пропагандата, Груевски...
„Претрес“ на Богдан Илиевски: 27 април, амнестијата, ВМРО, Алфа, пропагандата, Груевски...

523 контроли за една недела: Пазарна изрече казни од над 2,8 милиони денари

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 дена -

Македонија
pazaren-inspektorat-1200x1200

Во периодот од 30 март до 5 април 2026 година, Државен пазарен инспекторат спровел вкупно 523 инспекциски надзори на територија на цела држава, при што биле издадени 154 прекршочни платни налози во вредност од над 2,88 милиони денари.

Најголем дел од контролите се реализирани согласно Законот за трговија, каде се извршени 215 надзори и издадени 71 платен налог. Следуваат контролите според Законот за финансиска дисциплина со 106 надзори и 27 санкции, како и Законот за угостителска дејност со 37 надзори и 17 прекршочни налози.

— реклама —

Инспекциски контроли биле спроведени и во други области, меѓу кои заштита од пушење, заштита на потрошувачи, занаетчиство, метрологија и туристичка дејност, при што во дел од нив биле изречени санкции, а во дел не биле утврдени неправилности.

— реклама —

Дополнително, инспекторатот изрекол 64 опомени, по што во наредниот период ќе следуваат контролни надзори за проверка на нивното постапување.

— реклама —

Од Државниот пазарен инспекторат информираат дека континуирано спроведуваат надзори во рамки на своите надлежности, согласно законските прописи и утврдените годишни и месечни планови. Освен редовните контроли, институцијата постапува и по пријави од граѓани и други институции.

Надлежните ги повикуваат граѓаните да пријавуваат неправилности на бесплатниот телефонски број 191 или преку официјалната веб-страница.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

pazaren-inspektorat-1200x1200

ДПИ изрече 83 казни од над 2,5 милиони денари за една недела – најмногу за финансиска дисциплина, пушење и угостителство

Македонија | пред 2 седмици

pazaren-inspektorat-1200x1200

Инспекторатот со засилени контроли низ државата: Над 100 казни за една недела од речиси 3 милиони денари

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryjpqdu27u3gsedjQF6bO

Пазарна за една недела изврши 492 надзори, изречени 89 казни во вредност од над 2,9 милиони денари

Македонија | пред 1 месец

media-library0av8mg16bvh6dVzxC7V

Не е утврдено криење на гориво на бензинските станици, туку недостинг, констатирале пазарните инспектори

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања