Промени тема
Контакт

Адвокатот Божиновски за притворот на Богоев: „Па да сакал да избега, немаше вас да ве чека“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-librarymmm1ebrg0oj7awBImTV

Адвокатот Виктор Божиновски на социјалните мрежи остро реагираше на одлуката за определување притвор за Стефан Богоев, доведувајќи ги во прашање законските основи врз кои е донесена мерката.

Во објава на социјалните мрежи, Божиновски прашува како е можно притворот да биде определен врз основа на член 165, став 1 и 2, кои се однесуваат на опасност од бегство, неможност да се утврди идентитетот на осомничениот или можност за влијание врз сведоци и уништување докази.

„Тоа значи дека Стефан се крие, не може да се утврди неговиот идентитет или дека се обидува да побегне? Па да сакал да побегне, вас ќе ве чекал!“, напиша Божиновски.

— реклама —

Тој дополнително прашува на кои сведоци би можел да влијае Богоев и дали постои реална опасност од прикривање или уништување докази.

Во својата реакција, адвокатот упати и остри критики кон институциите, оценувајќи дека случајот можеби се користи за дефокусирање на јавноста од актуелните политички случувања и пораките што пристигнаа од Европската Унија.

„Ако со ова го прикривате ‘шамарот’ од ЕУ, браво! Ама и вас ќе ве стигне истото“, напиша Божиновски во објавата.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library4v6m45aoebbc3YQiAW8

(Видео) „Нема вам да ви докажувам“ – прва изјава на Богоев по излегување од ќелија

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryqeuec3dfct1m5eCnL9I

Стефан Богоев излегува од притвор, Судот прифати гаранција од 55.000 евра

Македонија | пред 2 месеци

media-library6ugq61aap6o06nwrI8s

Жалбата на Стефан Богоев за притворот сè уште не е стигната до Кривичниот совет, се чека мислење од обвинителот

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryqeuec3dfct1m5eCnL9I

Стефан Богоев понудил и гаранција од пари и имот за да остане на слобода и да се брани, но не била прифатена

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања