Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Регистрирани 14 пожари на отворен простор, четири сè уште се активни

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
media-libraryuveabf1j82j5dxZ9cgU

До 18 часот денеска во државата се регистрирани вкупно 14 пожари на отворен простор, од кои четири сè уште се активни, два се ставени под контрола, а осум се целосно изгаснати, информира Центарот за управување со кризи.

— реклама —

Активни се пожарите во Општина Штип кај селото Пенуш, каде гори депонија, во Општина Прилеп кај селото Локвени, каде се зафатени ниска вегетација и шума, како и два пожара на територијата на Општина Крушево – кај селото Јакреново, каде гори нискостеблеста шума, и кај селото Пресил, каде е зафатена ниска вегетација.

— реклама —

Под контрола се пожарите кај селото Доброшинци во Општина Василево, каде гори депонија, како и на градската депонија во Кочани.

— реклама —

Во меѓувреме, целосно се изгаснати осум пожари на различни локации во државата, и тоа во Кочани, Желино, Теарце, Брвеница, Делчево, Прилеп и Општина Илинден.

— реклама —

Од Центарот за управување со кризи информираат дека надлежните служби и понатаму ја следат состојбата на терен и преземаат мерки за локализирање и гаснење на активните пожари.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

— реклама —
media-libraryoe5uhgfmfqkobJfifSc

Активни пожари кај Драчевица, Дебар, Јаболчиште, Матејче, Стрима и на Шар Планина

Македонија | пред 1 месец

media-library6nieum4ej154cVJksVP

Нема активни пожари на отворено, ЦУК регистрира 28 пожари во 24 часа

Македонија | пред 1 месец

media-libraryhh5dg8plv2epeFdas1H

Еден пожар активен, еден под контрола, четири изгаснати

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања