Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Рекорден број граѓани на ЕУ ја напуштиле Белгија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Свет
media-librarymh007pqmuhne1Wkn6Sk
фото: unsplash

Рекорден број граѓани на Европската Унија ја напуштиле Белгија во текот на 2024 година, покажува годишниот извештај на белгиската агенција за миграции „Мирија“.

— реклама —

Според извештајот, минатата година од Белгија се иселиле 61.338 државјани на земји членки на ЕУ, што е највисок број досега. Најбројни меѓу нив биле Романците, Французите и Холанѓаните.

— реклама —

Во исто време, во Белгија се доселиле 171.706 странски државјани, бројка слична на онаа од 2023 година и повисока од периодот пред пандемијата. Речиси половина од новодојдените се државјани на Европската Унија, додека останатите доаѓаат од други европски земји, Азија, Африка и американскиот континент.

— реклама —

Од агенцијата „Мирија“ оценуваат дека иселувањето на граѓаните на ЕУ е сложен и тешко предвидлив процес, кој зависи од причините поради кои тие првично се преселиле во Белгија.

Заклучно со 1 јануари 2025 година, Белгија има 11,8 милиони жители, од кои околу 1,6 милиони се странски државјани, а повеќе од 2,6 милиони се лица со странско потекло, што претставува околу 22 проценти од вкупното население.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryb4bbeqlpjvl50Tc27kd

Студентските протести во Белгија ескалираа: Пожари, искршени излози и над 100 уапсени

Свет | пред 2 седмици

— реклама —
toplo-vreme-768x556

Топлотните бранови однесоа 2.935 животи во Белгија: Смртноста зголемена за 22,6 отсто

Свет | пред 1 месец

media-librarymtf843vn3uvk1hbgigK

„Кој е најголемиот губитник на Белгија?“: Американскиот амбасадор го исмеваше министерот, повикан на разговор

Свет | пред 1 месец

media-library385mvb3fgt0dakb6wxr

По седум дена борба, ставен под контрола пожарот во Белгија

Свет | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања