Промени тема
Контакт

Ристески: Гледам политика во раководството на ССМ, Владата нуди дијалог и решение

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Македонија
media-librarylo3elkeb9q7ddKxo6YH

На синоќешното гостување на „Само вистини со Видиновски“ на Канал 5 телевизија, пратеникот Петар Ристески говореше за приоритетите на ВМРО-ДПМНЕ и Владата, а тоа е зголемување на животниот стандард и платите.

„Приоритет ни е економскиот развој, подобрување на животот на граѓаните и секако повисоки плати, што и го докажавме на дело не само на зборови. И тоа беше наше предизборно ветување и гледате секаде онаму каде се појавува владата како работодавец се зголемени платите, во здравството, во образованието, 10% повеќе во МВР, кај социјалните работници и вчера бевте сведоци каде Владата се договори со синдикатите САДУ и УПОЗ за зголемување на платите до 40% до 2028 година. Ова е историско зголемување на платите онаму каде Владата е работодавец’’, вели Ристески.

— реклама —

Во однос на ССМ и денешните протести, пратеникот Ристески истакна дека гледа политика во раководството на ССМ, со оглед на тоа дека се зголемуваат платите во сите сектори, но ССМ ниту еднаш не го поздрави тоа, а бара нереални зголемување со што директно би се одразило на економијата.

— реклама —

„Политика гледам во раководството на ССМ, бидејќи сето тоа го прават во еден период кога Владата навистина нуди дијалог, но и нуди решение. Навистина неоспорен факт е дека оваа Влада историски како никогаш досега, се договори со сите синдикати, со синдикатот на здравството, со образованието, каде што се договори зголемување од 40%-60% зголемување на платите“, појасни Ристески и додаде:

— реклама —

„Мислам дека раководството на ССМ има можеби некој долг кон опозицијата, конкретно кон дел од луѓето во раководството на СДС, бидејќи во тој период кога имаше некои превирања на синдикатите, беше назначен за лидер на ССМ со помош на СДС“, заклучи Ристески.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

k15

Над 84 илјади денари за основен живот: Киријата драстично го зголемува семејниот буџет

Македонија | пред 4 дена

SSM-696x419

Синдикатите бараат ограничување на работата на отворено поради високите температури

Македонија | пред 2 седмици

market-pari

„И покрај малото намалување на минималната кошница, животот и натаму чини речиси 68.500 денари месечно“, велат од ССМ

Македонија | пред 1 месец

Screenshot-2025-04-23-at-13.09.10

Наместо пензија, ќе работиме до крајот на животот?, прашува Трендафилов и бара пензија по 40 години стаж за мажи и 35 за жени

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања