Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Рој дронови забележан над белгиска воена база

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Свет
media-library208uclcjpklg1Qw7d7P

Петнаесет дронови биле забележани како летаат над белгиската воена база Елсенборн во покраината Лиеж, потврди кабинетот на белгискиот министер за одбрана Тео Франкен. Настанот бил откриен случајно за време на тестирање на систем за надзор, а армијата на Белгија покрена истрага.

— реклама —

Според информациите, дроновите биле забележани околу 1:45 часот по полноќ во петокот. Базата Елсенборн, која се наоѓа на неколку километри од границата со Германија, се простира на површина од 28 квадратни километри и служи како воен полигон за обука и вежби со огнено оружје.

— реклама —

Како што јави белгиската телевизија VRT News, откривањето било случајно – токму во моментот кога во базата се тестирал систем за детекција на дронови.

— реклама —

Се претпоставува дека дроновите полетале од територијата на Белгија и продолжиле кон Германија, каде што биле забележани и од локалната полиција во градот Дирен.

Засега не е познато од каде потекнуваат дроновите и кој управувал со нив. Белгиската армија соопшти дека истрагата е во тек.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryb4bbeqlpjvl50Tc27kd

Студентските протести во Белгија ескалираа: Пожари, искршени излози и над 100 уапсени

Свет | пред 2 седмици

— реклама —
toplo-vreme-768x556

Топлотните бранови однесоа 2.935 животи во Белгија: Смртноста зголемена за 22,6 отсто

Свет | пред 1 месец

media-librarymtf843vn3uvk1hbgigK

„Кој е најголемиот губитник на Белгија?“: Американскиот амбасадор го исмеваше министерот, повикан на разговор

Свет | пред 1 месец

media-library385mvb3fgt0dakb6wxr

По седум дена борба, ставен под контрола пожарот во Белгија

Свет | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања